Што да правам со книги од факултет, објавував на фб никој не ми пиша, книгите пола се нови, не знам дали да ги фрлам ама па жал ми е, има ли некој идеа? Дали или да идам до факултет да ги оставам?ама па кај би ги оставила
Го имав од ТопШоп купено на времето. Не си ги фрлај парите за џабе. Чиста нефункционална кинезарија. Прегоре моторот на крај.
Само за купатило го користев. Не смее нагоре да се крева, и тоа е голем минус. Вода пушташе многу, не пареа, вода. И се прегреваше лесно и брзо, морав често да паузирам да го оставам да се олади пред да продолжам да чистам. Најпромашена инвестиција ми беше. Си зедов нов, подобар, со можност да чисти буквално се', и не се прегрева.
Karcher SC2 го имам веќе четири години, маста му ја извадив. За кујна, купатило, прозори, плочки, секаде. Незаменлив ми е. Јас го платив некои си 150 евра на попуст, сега е можеби и над 200 евра. Ама вреди за секој денар.
Пиши им на студентарија на Инстаграм, ќе објават дали на некого му требаат, не ги фрлај, можеби има некој на кого стварно му требаат а не може да си ги купи.
Немам паркет, ламинат е кај мене. Пишува дека може, ама не ми се ризикува. Вода не пушта, ама не знам од топлината што може да се случи со ламинатот.
Види кај овие што продаваат пијалоци, Хорека, Амаро. Или пак ако ти требаат многу мал број можеш да си земеш и од кафематите. Имаат опција за празна чаша.