Не знам за тој, не сум го разгледувала, јас па барам конкретно да може на паркет да се користи, па после и за на други места.
Ламинатот и со џогер се чисти добро ,сеа не знам на пареава се надевав ќе е подобро. Паркет исто не треба вода а пареа веројатно може.
Кај мене цел стан е паркет со исклучок на детска што е ламинат и кујна плочки. Вода знам дека не треба на паркет, не би да се подуе, пред брзо е лакиран и струган. Прашањево е за чистач на пареа, ако има некој искуство да сподели кој што одговара за на паркет. А секако може и да би го користела за прозори итн итн.
Дали некој може да ми пише број од мајстор во Скопје? Со цимерка сме, и не сме од Скопје, но ни се појави проблем во тоалетот, и не знаеме мајстор тука, ѕвоневме Сити Хаус, ама не вршеле поправки...
@Viktorijaaa5 Вики, бев до Технополис, си земав цедалка за садовиии многу се квалитетни и супер попуст, да ти кажам дека трае до Сабота така ми кажаа. Мој совет, не знам каде си и каква ви е водата, ние сме хаос со водава и си земав со бел тоа што е како постоље/послужавник, иако на око црните повеќе ми се допаѓаа ама реално гледам функционалност. Прашав ако има некој проблем(зошто не даваат гаранција) рече продавачката дојдете ќе средиме. Си земав и плус други домаќински работи така да попустов е топ и мах го искористив
Може ли некој прецизно да ми објасни каде се наога точно Стружанка во тц Бисер? Да не лутам пошто веќе едвај одам