За полагање на испит е потребно пријава и уплатена административна таксена марка така? При испит се дава пријавата а кој број се запишува од уплатницата на пријавата? Или се дава и уплатницата со пријавата? Сум заборавила.
На другарка и бев сведок на регистрација, дали тоа значи дека фиксно ќе и бидам и старосватица за свадба? Или тоа се две различни работи
Дали може некој кој бил на пракса, било каква, да ми пише порака. Сакам да прашам неколку прашања, бидејќи не сум запознаена со ова, а наскоро најверојатно ќе почнам, па сакам колку толку да знам нешто. Најмногу ми е за како иде пријавувањето на практикант? И што од црвени знаменца треба да избегнувам? Секој одговор е добредојден. Благодарам.
Како да не ми се спие? Немам спиено вчера вечер, денес цел ден исто. Сега сум на работа а ми се спие, глава ме боли, а морам до 10-11 да издржам. Постои решение или ќе си се помучим до вечер?
Две различни работи се. И јас бев само сведок на регистрација, па не бев старосватица на свадбата. Не си обврзана со потписот како сведок да бидеш и старосватица. Ако сака да бидеш и старосватица нормално ќе те извести дополнително.
1. За колку време по пријавување со интернационален извод во Македонија би бил готов националниот македонски извод? Прашање бр. 2. Во МК би влегле двајца државјани со двојно државјанство, меѓутоа едниот со мк пасош без северна + бг пасош, другото само со бугарски пасош. По влегување во МК, би поднеле веднаш за брза постапка Мк пасош, меѓутоа, доколку не бидат готови, дали би влегле во Грција само со бг пасошите? Знам дека е глупо прашање, меѓутоа од лично искуство имаме пример како цариникот се расправа дека не можело без мк пасош да се напушти државата.