Во ПИОМ немаш потреба бидејќи со матичен број работат, а не со улица на живеење, мислам дека и УЈП и ФЗО само со матичен број работат, а не со адреса на место на живеење.
Дали во некој од нашиве маркети има рендана моцарела готова во пакетче? Барам нешто да не е цело парче, туку како на сликата.
Ве молам препорака за НАЈДОБАР препарат против инсекти и комарци. Има многу на пазарот и повеќето коштаат еден бубрег, па кога веќе давам пари да го платам најефикасниот
Добив отказ од работа . Бев пријавена до скоро . Сега сакам да се пријавам преку сопругот за здраствено. Како е процесот? Треба прво во завод за вработување или директно во здраствено и кои документи се потребни?
Јас кога се пријавував во ФЗО, не ми бараа потврда од агенцијата за вработување, најверојатно штом ќе бидеш преку маж ти најверојатно дирекно во ФЗО, носи си здраствена книшка.
Кај мене во двор на дрво кајсија си направиле гнездо диви пчели. Ве молам предложете служба за остранување, ова ми делува на опасна работа.