Здраво. Дали некој знае некој што издава стан, апартман, може и мотел, било што по пристапна цена за две ноќевања во Скопјево? Никогаш не ми требало, па поради тоа немам искуство.
Здраво сакам да прашам за добивање на уверение за овластен сметководител. Сега сум во нова фирма вработена 10 месеци али од претходната фирма имам и пракса кај нив и потоа ме пријавија имам 3 години искуство. Но проблемот е што претходниот работодавач не ми дава потврда со одговор дека има ми дадено кога вадев за обичен сметководител. Во Исос се јавив дека требало нова потврда. И сега незнам што да правам демек ќе се полагало од август месец.
Во принцип, прво треба по препорака на психијатар да се употребуваат, и после може и матичен да ги препишува. Зклучок: Може да се земат со рецепт от матичен.
Може да се земе од матичен. Не се користат само со дијагноза од психијатар. Може да ти ги пуштат фондовски, за тоа не се ни оди кај матичен. Директ во аптека со лична карта, а може и на розева да ти ги напишат приватно да ги купиш. Нема разлика во цена многу секако се ефтини
Дали ги има некаде низ Ск. оние Лабубу привезоците ептен сега што се познати? Ама фејк, сигурно толку пари за оригинал не давам. Низ Србија ги има ама не ме носи пат натака а ми треба за поклонче....Не ми се чекаат од интернет да ги порачувам.
Дали има да се купи било каков производ за намалување на бучава од надвор, а да не се од оние чепчиња што се ставаат внатре в уше, инфекција двапати ми се ствара од тоа. Стресна ми е работата и сон ми е навистина потребен, а понекогаш од соседите не можам да заспијам до покасно и нема разбирачка. Барав по тему такви како ленти шо се ставаат ама не знам колку би биле ефикасни, на рецензија по слики обичен материјал е. Дали можам негде да купам од приватниве клиники овде нешто или кај што има ортопедски помагала, било што.
Ве молам за аплицирање на работна позиција ми треба, од каде ги вадам?? доказ дека не им е изречена забрана за вршење професија,дејност или должност; доказ за работно искуство и лекарско уверение од медицина на труд???