Феминки, незнам кај да го сместам прашањево, а итен ми е одговор и совет, па затоа ќе ве замолам ако некоја од вас се разбира од внатрешно уредување на дом, склопување бои и такви работи(незнам стручно како се вика ) да ми прати ЛП, би и била бескрајно благодарна, ми треба мала помош околу тоа
тревира, тоа е материјал уште од времето, знам постарите викаат тревира, пери носи квалитетен материјал, само треба да го побараш.
Дали можам да проверам состојба на сметка онлајн (прашувам за стопанска банка). Имам само трансакциска сметка, немам картица (не ни аплицирав, оти не ми треба) чекам пари од агенција за вработување да ми исплатат и мораше само преку оваа банка тоа да се изврши, па бидејќи немам досега соработувано со нив не знам како одат работите. Прашањето ми е: дали постои во стопанска нешто како на нлб тутунска шо има за онлајн проверка да си отворам и да не мора да користам токен. Само за проверка ми треба, за да не одам секојдневно в банка да прашувам дали ми имаат стигнато пари, оти гужви ептен има :/
Не, таму нема golden rose производи. Можеш да најдеш во ГТЦ, на Рекорд, продавницата во близина на Зегин на Партизанска..
Дечки, мајка ми вареше манџа на плинско и сега го имаше намалено плинското ваљда побавно да се вари и мене оти ми се пиеше кафе ја тргнав манџата си сварив кафе и пак ја вратив да не направив проблем?
Не бе не направи никој проблем,ништо нема да се случи Туку моето прашање ќе може некој да ми прати линк од една веб адреса,на таа што може да се види во колку има автобус за околните држави (црна гора и сл) ве молам итно е....ја знаев но ја заборавив
Па во просек 1,5 m, ама зависи од тоа колку си висока и до каде сакаш да ти е долго, но тоа се 10 cm повеќе/ помалку.
Си купив кошула од New Yorker си дојдов дома и забележав дека кошулата е со фабричка грешка односно имаше котелци закачени на повеќе места проблемот е што не сум од Скопје и немoжев одма да отидам да ја вратам. Што мислите, ќе ми ja заменат ли? Планирав да ја пратам по една другарја во Скопје и во понеделник да отиде, ја чувам и фискланата па ќе си видат они дека е дефектна фабрички само шо јас и ја скинав и етикетата пошто не забележав
^ Однеси им ја. Би требало да напраат нешто, пошто ја чуваш и сметката. Не ја фрлај етикетата може и таа да ти заврши работа. Прати ја по другарката, мислам дека ќе ти ја заменат