Дали некој работил за грчка фирма ,дали би работеле и дали би имало проблем доколку се работи. Барат и од кај нас.
Сакам да порачам карикатура,од каде имате порачувано несакам само извадена од компјутер сакам цртана...
Здраво феминки, Сакав да прашам дали некоја знае како функционира чудово со собирање поени кога пазаруваш во Ист Гејт?После како можат да се искористат?Или нема врска ова
Дали можам од моја тукашна сметка да префрлам пари на друго физичко лице со странска трансакциска сметка? И како оди со провизиите?
Ќе треба другото физичко лице да ти даде ИБАН број од неговата банка/сметка, кога ќе ти прати оди во твојата банка и прати ги парите, провизија мислам оди на процент. Имај предвид дека ти можеш месечно, од една сметка, најмногу да праќаш 2500$ (во доларов еквивалент), за повеќе треба да доставиш дополнителна документација зошто праќаш пари.
Низ светот има разни финтек апликации со кои може, но тие не работат кај нас. Колку што знам јас де, можеби може, некој друг нека искоментира.
Братучед студира во странство знам дека неговите криптовалута му праќаа и тој менуваше таму ама детали не знам. Мислам дека така е најлесно, без секакви провизии
Ми се нуди работа со голема сума на пари иако во моментов не сум зависна од пари, но во иднина би била можеби, работата што ја работам моментално м и е со ниска плата и може да пропадне некогаш. Не ми се оди на друга работа од други причини, ако одам тоа ќе биде со сила. На два ума сум. Дали би ја прифатиле понудата на мое место?
Јас да, да сум на твое место и тоа не само заради парите. Туку заради неседење во комфорт зона, можноста да се научи нешто ново, да се биде во поздрава средина (ако нуди подобри услови, посекако и тоа е и повеќе од добредојдено) со нетоксични колеги и колешки и најбитното е што го победуваш стравот да бидеш некогаш заменета. Ама па и тоа е за луѓе, само човек да е широко отворен за секакви можности и да не одбива баш лесно кога му се нуди нешто. Сѐ што е убаво и можеш да прифатиш, прифаќај (да ти одговара, нормално).
Зависи од работата. Голема плата може да подразбира и големи одговорности. Размисли колку би сакала и би можела да се справиш со нив. Не е секогаш сè во голема плата.
На времето имаше во Техномаркет, Сетек да однесеш некој стар уред и да добиеш ваучер што можеш да го искористиш при купување на нов апарат. Постои се уште нешто такво слично?
Да постои, Техномаркет мислам соработуваат со Нулаотпад, се договораш кога и каде ќе им ги предадеш старите уреди и за тоа добиваш ваучер. https://www.nulaotpad.com.mk/електрична-и-електронска-опрема/