Каде да најдам ваков магнет што се лепи позади на телефон? Во продавнициве иде комплет со магнетен држач за у кола, ама ја држач имам. Немам време да го чекам од Тему да стигне.
Одамна немам отидено, порано знам беше поевтино во споредба со краците. Има доста наши и Срби, знае да биде гужвесто, водата е поматна во споредба со краците. Инаку убаво е, мене првите одмори ми беа таму, ми се свиѓаше.
Ако прашуваш за барака 16 во град скопје, односно општина, на илинденска се наоѓа кај големиот паркинг на зоолошка на влрз во парк, обележана е
Гужва, релативно нечиста вода, порано беше едно од поевтините места. Имаш и продавници и Лидл. Многу Срби, Македонци. Претпоставувам сакаш преку агенција што се овие еднодневните екскурзии. Ако ти е за почиста вода, Лептокарија е далеку подобро. Неипори ако има. Парга исто е ептен убава.
Оди разгледај на вебсајтот на Офис Плус. Од пенкала, на Паркер или елегантните од Шнајдер. Можеш да земеш и сет од пенкало со нешто или купи и направи сам. Пенкало со нотес.
Абе ти можеш да одиш да се породиш, детето ќе ти има државјанство. НО, ако ти како родител немаш документи макар и виза за престој (живеење) како мислиш дека ќе го извадиш детето од таа држава? Имам случај на блиски таков, се породи во друга држава, му извадија документи, и на граница социјално им го зема детето - го сметаат за нивен жител а ти си туѓинец Барем низ Европа знам дека нема да можеш да му извадиш пасош во било која земја бидејќи ќе ти треба л.к нивна. Не е толку едноставно колку што делува
Водата не е чиста. Нема нешто шо да се види. Мало место е. Ако ти е за со женската, поарно на друго место потаму на краците негде.
Здраво Сакам да фрлам големи кеси алишта (не се за донирање), меѓутоа дознав дека не смее да се фрлаат по контејнери и канти. Ако имате некој совет каде би можела да ги оставам би била благодарна