Како анонимно да пријавам лице со пари од сомнително потекло во финансова полиција, за затајување данок и сл.?
Предложете фирма за одржување зграда во Скопје, моментално е Виртус Елиас ама тешка катастрофа се. И како оди процедура за промена дали парите во резервен фонд ќе може да ги вратиме?
Можеш во контењеритр од црвен крст или да ги однесеш во католичка , они собираат, но прашај си. Јас многу пати на фб во групине за подарување ќе објавам што имам, колку кмам и која големина па се јавуваат луѓе кои немаат и им ги праќам или по карго или си ги земаат
Во Diamond Mall имаат донесено контејнер за рециклирање на текстил, мислам дека беше негде кај Office Shoes.
Се носи ли на свадба бел фустан со црни точки т.е полка дот? Може е глупаво прашањево ама ми е на мисла.. само за дента прашувам за вечерта имам веќе фустан па да не купувам уште еден.Дека бел е муабетот
Ако сакаш да е на Широк Сокак - Буре, особено вино барот на плоштад. Кус Кус исто ако ти се жртвува време оти знат да се бавни. Корзо така покафанско. Исто спроти Кус Кус има фенси пица место, ама заборајв името. Ах. Пофенси Аурум, ама не е на Широк Сокак. Ама ако ме прашаш мене? Елисиум има лудници храна, а е кај сатот. Белведере исто ми е мене меѓу омилените. И естетски и на вкус ми се допаѓа храната на двете места. Ама последните три се pricier (Аурум, Елисиум, Белведере). Од скоро сите во Поинаков Фемина Инстаграм имам слики ако сакаш да разгледаш.
Можеш и од оние кјут медицинските беџови за на мантил да земеш ако е за женско. За пенкала има во сите книжари, над 500 денари сите се убави со футролка ги даваат ем.
Најсигурно анонимно е по пошта, во плик, само адреса на примач и како обична пратка, внатре документ или што и да е. По електронски пат се открива, ако сакаат.
Дали некој знае на која телевизија,српска,најавија дека ќе ги даваат старите југословенски серии како Сречни људи,Породично благо итн? Мислам дека рекоа за викенд сабота или недела ама не се сеќавам дали беше В92,Прва...
Разгледај на Home light страната. Ние имаме земено од таму за во дневна и трпезарија. Од Globo се мн квалитетни. Ние имаме вака како на сликава само бели. Мн убаво осветлуваат и пре убаво изгледаат во просторот. Круговите си ги местиш како сакаш, по желба.
Дали во Скопје има некоја мобилара што користи квалитетни работи за телефон ,дај предложете ми таква ако знаете