Дали и вам што сте на Телеком постпејд, ви важи роамингот додека сте на одмор? Кај мене е вклучен во пакетот, да не треба сепак да го активирам и како?
Дали некој бил во Грција сега брзо и го застанало полиција? Видов кај оваа Инамногуфина за дополнителна опрема имаше пишано. ПП апарат дека бараат. Ќе идеме на одмор за два дена и само тоа немаме во кола. Ризик ли е да тргнеме без тоа? Знам за службени возила е задолжително кај нас, ама не знаев дека треба и за приватни.
Треба да се активира, барем кај мене е така. Треба и за приватни, и кај нас бараат. Земете си за секој случај, не е скапо, да не ризикувате, може и по бензискиве да има.
Дали ЕУ граѓанин што сака да влезе во Македонија мора да има пасош, или може со нивната лична карта? Тука вели дека може само со лична карта, ама дека оваа одлука важи до крајот на оваа година - дали некој има искуство со ова?
Да може, ама до 90 дена максимум, и гледајте ЛК да е (биометриска) и важечка нели. Некои гранични премини знаат са напраат пропуст за ова, и да има неспоразум, нека ви е тоа на памет сепак, пасош е подобра и посигурна опција во секој случај.
Пп апарат обавезно во кола имам, независно од казна. Не е скап а живот вреди. И на кутијата со прва помош обавезно рок да и провериш, може и за тоа да казнат. Нас конкретно не не стопираа, ама на блиски и тоа им проверувале.
И ние ќе одиме во Грција, маж ми исто зема ПП апарат, ќе носиме и резервна гума, кутија за прва помош итн. Ја не би тргнувала така, мислам да не ризикувате.
Паметно. Јас само ќе кажам алал да им е, може многу ситници бараат и строги правила имаат, ама така треба, и за нас како патници е по безбедно така. Затоа кај нас со 3 гуми да возиш ќе те пуштат и низ град и на граница
Дечки продавам две карти за Фан Пит за концертот на Армин Ван Бурен, за жал нема да можам да одам. 1000 ден од карта (ги купив 1900 ден карта). Доколку има заинтересирани пишете ми.
Продавам две партер карти за концертот на Армин Ван Бурен во Битола. За жал поради работни обврски сум спречена и двете ги продавам по цена од 1800 (една е купена 1500).