Малку глупо прашање во врска со фб.. Спојлер ако некоја слика ти била профилна, сега кога ја ставаш пак на профилна кога добиваш нови лајкови може да се види од кој се? значи не старите лајкови од сликата, туку новите. не знам колку сфативте, не можам подобро да објаснам.
Јас те разбрав,сакаш да кажеш дали ке ти покажува оделно кој од неодамна ти има лајкнато ? Инаку неможе сите ке ти бидат на купче.Само нофитикации ти стигаат.
Јас кога бев со автобус во Београд платив 2000 ден. и за натаму и за назад. А за воз разгледувавме на интернет,ама да ми убиеш нема да се сетам колку беше.
Мајка ми беше на претстава вечерва во МНТ и загина убетка. Дали знаете кога чистат таму отприлика? Глупаво е прашањево ама сепак за златна убетка со значење е.
Дали само кај мене или кај сите се појавува ова суштество од бандата на почетна на фемина? п.с морав со слика, за поубаво да го доловам моментот
^^^кај мене не се појавува ама јас имам блокатор на реклами на сите страни..можете да побарате на гугл Ad blocker или мислам имам и додаток во Extensions ако користите Chrome
Може. Одиш во нотификации и најдоле после сите нотификции имаш See All. Кликнеш на тоа и ти ги отвори во ново прозорче нотификациите, како листа нешто така. И имаш на пр: MMM and 5 other like your photo. Го ставаш глуфчето на тоа 5 оthers и ти дава кои ти ја лајкнале. Подобро не знаев како да објаснам, се надевам ти помогнав.
Корисници на т-мобиле Би ве прашала, дали знаете како се активира опцијата за воспоставување повик 4 ден, кон другите мрежи 1 денар. Не се баш снајдов на страната на т-мобиле. Ве замолувам, ако знаете да ми кажете. Итно е
Го поставив истово прашање и во Модни прашања,ама не добив одговор. Може да се најде некој материјал со отприлика,вакви шари ?
Дали тие што се корисници на One интернет, корнат живци? Јас да. Цело време нешто му е. Некои страни ги отвора, некои не.
Јас сум на т-мобиле, но братучетка ми е на оне, буквално телефонот фиксниот стално им се исклучува, не можеш муабет да правиш, де не се слуша нешто, интернетот за никаде е, не можеш ништо да отвориш, често сум со неа и на лаптопот нејзин 15 минути чекаме за да пуштиме некоја страница на интернет, а исти лаптоп имаме не е до тоа, до интернетот е. Ако имаш некоја шанса префрли се на т-мобиле, многу ретко ми закочил до сега, супер си е. Мислам дека полош оператор од оне, нема.
Јас баш пред некој ден нели прашував. Ништо не ми отвараше, а ми покажуваше дека антената е конектирана.Сто пати им се јавив во Оне и само ми викаат ,а па се е во ред. И на крај,сто и првиот пат ми рекоа да го исклучам рутерот за да немам ви-фи пошто така бил спор интернетот и имале проблем. Откако им се развикав,дека чим е таква работата сакам да го раскинам договорот,ми рекоа да си го пуштам рутерот пак и од тогаш да не урочам добар е Интернетот. Не е одличен,ама онака се трпи. Викендов не бев дома,а кај што бев немаше Интернет и активирав некој на Т мобиле, што трае еден ден. Такви опции имаше еден ден за 99 и 7 дена за 199 денари. Интернетот леташе. Се изнасимнував филмови и серии дека неограничен. Многу позадоволна сум од Т мобиле. Само да ми истече договорот со Оне и ќе преговарам дома да ги смениме.