Ако има некој гребатор на грепки да ми даде инфо дали во доме сладок доме се изгребаа сите станови или остана некој? И титаниум за форд дали сите се паднаа. Никаде не најдов информации За другарка прашувам
Дали фиксно сите банки земаат провизија за добиени пари преку Виза директ? Добив пари од СБ преку ова и дирек 60 ден провизија ми земаа мене Уни банка..
Каде во Скопје да поднесам барање за промена на адреса на живеење во лична карта и пасош? Пасошот сакам итно да го сменам, за личната карта знам се поднесува барање. Во МВР кај МТВ или на друго место за ова?
Се е исто само кај што треба да пишеш зошто менуваш обновуваш документ , заокружуваш промена на адреса, инаку си закажуваш редовни постапки
Не знам тоа, ама знам дека мене ми се паѓаат ситници само на поевтините грепки. На Титаниум досега ми се нема паднато ни за да си ја заменам...
Сакам да прашам тие што имаат искуство со ФитКит дали во текот на месецот доколку имам на пример 26 поени можам да ги искористам за 2,3 различни третмани кои се по 5,12,9 поени итн. или важи само за еден третман безразлика на тоа колку поени е истиот? На пример сакам да закажам 2 депилации во ист салон, со по 12 поени.
Здраво дали знаете некоја страница каде што се составува хороскопска книга или што и да беше интересно делуваше од твојот датум и датумот на девојката, значи на парот.. на некој начин?
Обожавам палачинки и не знам количини,се е од око Рецепт 1: кисела вода, брашно, пециво, сол, шеќер ( посни ) Рецепт 2: јајца, млеко, малце вода, брашно, пециво, сол, шеќер Рецепт 3: јајца, млеко, малце вода,, мелени овесни снегулки, малце брашно, малце растопен путер, пециво, сол, шеќер ( овие ми се превкусни и мн сочни)
Имам приватно осигурување Уника, ама никад не сум го користела. Како оди процесот ако сакам да ми покријат нешо?
Ништо не е чаша пиво а и аналгинот е слаб аналгетик после пола саат можеш На чатгбт се ти праи (баш вчера се зезавме со тоа) Ќе се јавиш кај агентот што ти го направил осигурањето или ако немаш агент на броевите кој ти се дадени таму и ќе ти објаснат се, во принцип требало да ти објаснат и пред да ти го дадат или да ти дадат брошура. Чуваш сметки од кај што си била и ќе ги дадеш во прилог, па ако ти го одобрат рефундирањето ќе ти ги вратат парите
Ќе ве замолам за инфо. Треба да патувам со авион. До сега не сум носела апчиња ама сакам со мене да земам дијазепам заради страв од летање. Дали ќе прават проблем при контрола или не ?