Потребно ми е нов матичен лекар. Кажете ми некој што ќе ме сослуша и ќе биде стручен, некој што ќе ме сфати сериозно ве молам. Предлози? Во било која државна клиника освен Букурешт
Колку време се чека додека излезе решение данок на имот? Исто така, дали знаете дали можам онлајн да си уплатам директно од сметка или морам да одам во банка со уплатница да уплатам?
За кој град? Ако е за Скопје има онлине страна, таму можеш да плаќаш и да си ги симнуваш решенијата за данок. Кога ќе им легнат парите ќе ти бележат потврдно во тоа што е финансиска картичка.
Здраво дами, и убав празничен ден. Сакам да прашам околу нарачка на Тему, имам околу 20 000 ден на картичка, а имам направено околу 4,500 нарачка и неможам да нарачам пишува неуспешно плаќање поради надминат интернет лимит .
Имаш лимит на картичката колку можеш дневно да потрошиш на онлајн плаќања. Ако не си го поставила ти, можеби е дефолт од банката. Ако имаш електронско банкарство би требало да можеш сама да средиш, ако не, утре контактирај ја банката.
Лебот кој го правев синока за денес не ми надојде убаво ама веќе го раздадев во црква и јадевме и сега гледам дека квасецот е бил поминат рок а мегувреме ми текна дека и заборавив сол да му ставам . Е сега мислам да не биде нешто затоа што на народ давав . Не дај боже да им биде нешто на луѓето.
Леб е, не се секирај, ништо страшно, најлошото е што јаделе ненараснат, тврд, плус несолен леб, си раздавала молитвен камен, лол, таков леб се носи во ташна како ладно оружје.
Напиј се пола час пред лет и стави ги во куфер. Може да ти прават проблем ако се во ташничка што ќе ја качуваш горе, вработената во аптека на аеродром ми го кажа ова. Инаку обезбеди си Дијазепам пред да одиш, јас купував од таму, а мора со рецепта па трчав кај докторите што се на самиот аеродром за да ми одобрат. Подобро не одговарај од колку да дадеш вака каток и нецелосен одговор. Сѐ зависи каде ќе ги ставиш, на некоја жена и направиле проблем конкретно за Дијазепам и останала уште три часа таму да се објаснува што и како.
На фемина повеќе не може да се постави прашање без некој да си игра мајтап. Кога ви е до мајтап одминете ме .
Абе сте запнале по мене нешто нека га , уживајте. Сите на фемина поставуваат асални прашања исклучок сум јас. Извинете многу.
Промени го лимитот за онлајн плаќање, да речеме на 20.000 ден. дневен лимит, во самата апп. од банката, имаш поставки за лимитот, побарај.
Доби одговор + малку хумор за да не ги доживуваш работите толку трагично и сериозно. Еве посериозен пристап, извини ако претходниот одговор го доживеа како омаловажувачки. Tестото не ти нараснало, ваљда пошто рокот на квасецот е поминат, но сигурно го имаш чувано во фрижидер, не мора да значи дека е расипан, се дешава често. Ова ѝ се има случено и на мајка ми, немаше жртви, сите останавме живи. Недостатокот на сол исто не претставува здравствена опасност, лебот без сол е можеби не толку вкусен или со поинаква текстура, но е безбеден за консумација.