Кога плаќате нешто преко iknow веднаш од кога ќе платите ви стои дека е платено или уште ви стои она "платете онлајн"? Јас имам плаќано и порано ама не се сеќавам како беше.
Извинете многу....може не е за тука прашањево ама ајде....не ме критикувајте...вака пред некиј ден најдов вакво јајце....порано старите ми викале дека значело нешто....што би можело да значи?
Значи дека кокошката не е ранета со квалитетна храна, не внесува доволно калциум, снела јајце со тенка лушпа. Кокошката да се стави на режим, исхрана богата со калциум, чија пудинг по можност.
Порано имав ваков проблем на инста, некако го опраив (појма немам како) и сега пак. Имено, постирам рилсови и сториња со предобар квалитет, се постираат и изгледаат ко со вга камера да се праени. Заматени, никакви бои, а вамо кај други гледам супер видеа. Кај грешам?
После дипломирање го дават од таму уверение или треба прво да поднесам барање за издавање на уверение.
Од студентски ќе ти дадат да пополниш изјава со уплатница која треба да уплатиш за уверение. Јас платив 50 евра, одамна беше а и секој факултет е различно.
Дали магнезиум цитрат се продава како посебно колку сакаш кесички да купиш или мора цело пакетче?дали знае некој ..сакав да видам прво како ќе ми делува
Во ќесички не знам м. цитрат дали има, јас во таблети користам и мора цела кутија околу 1200 ден е. Ако најдеш во ќесички може колку сакаш.
Не можам таблети да пијам ,затоа кесички сакам ама не сум пиела до сега па за проба би земала три , ако не ми одговара џабе ќе земам 20 немам на кој да ги дадам ,ама ќе прашам во аптека ,сепак фала Инаку има по 20се продаваат најразлични фирми и на Витон има исто