Тоа само ти си знаеш и си одлучуваш дали и што ќе работиш. Еве ја не работам на празник, ни чистам по дома ни машини пуштам, ништо. Дали има нешто во тоа или нема не знам, ама ете ми останало така од мајка,баба и така си терам. На пр. од страната на маж ми нит празник гледаат нит ништо. Си работат кога им се работи. Секој со своето, на тебе е како ќе правиш.
Нема ништо во тоа.. Поентата што останало ова од минатото е дека за празник се оди во црква а ако планирале тогаш нешто да работат немало да стигнат за во црква, едно што не на сите им била блиску црквата па пешачеле долго, друго се се работело на рака без механизација и долго време одземало.. Денес има време и до црква и да се заврши нешто по дома, а ако не планираш да одиш во црква или не практикуваше која е поентата да не работиш дома.
Јас мислам дека порано се работеле рачно. Переле на рака на пример и им било како одмор да не работат на празник. Јас денес пуштив машина со алишта, бришев прашина и поминав со правосмукалка.
Можда тоа им било изговор да одморат. Пак ќе кажам не знам дали има или нема ништо во тоа. Затоа викам секој со своето т.е по своето верување
Па и кај мене дома такс, обично не се работи не се пере, ептен нешто ако е итно ама не бев сигурна. Како и да е, не чистев ни пуштав машина, еве денес се ќе правам. Фала на одоговорите
Имам безжични слушалки , едната никако дома не можам да ја најдам како во земја да ми пропадна , има шанси некако да ја најдам или толку од слушалкиве ? Дали е глупаво од кај што ги имам купено да прашам дали продаваат една или да не се брукам
Прашај ги дали продаваат резервни делови за слушалки , ништо страшно ,зашто да е срамота ? А, нив не им е срам што се толку скапи...нема срам
Земав термо тренерки од ДеФакто, ама прееемногу прашина паѓа од тоа мекото внатре. Кажувајте чаре, цел паркет морав да џогирам. Перени се пред носење, сега пак ги исправ, свртени однавнтре, и кога ги собрав од жица ги исчукав, пак паѓа премногу. Има некое сретство нешто да се стави, или ќе треба да ги фрлам?
Ако некој знае да ми каже 5ти ден појма биотин и Д3 и денес примеров ккао мокрачата да ми е зеленкаста а сабајле имав малку и гадење ама тоа уште пред да се напијам биотин. Инаку деновиве сум настината и синока грло ме болеше. Се мислам да посетам лекар утре и да видам да не ми се случува нешто од витамините обично првите денови немав ништо а и пијам смао парацетамол и септолете. И морам да направам крвна анализа
Што слушалки имаш? Една другарка исто така и се расипа едната слушалка, па можеби од двата пара може да склопите еден функционален? Од апчињата ти е обоена мокрачата. Пиј повеќе течности, за да се перат бубрезите.