И при настинка урината менува боја, од храна исто така. А и од витамините да е, ништо страшно. Хидрирај се подобро и олабави малку. Се надевам дека прашањата ти се повеќе за да тепаш досада. Ако си навистина толку загрижена, тогаш обоена урина од витамини ти е најмал проблем. Посоветувај се со лекар/посвети внимание на психичкото здравје.
Обично знам дека ако ти паѓа нешто од тебе(коса, заб) не е убаво. Ако паѓаш, мислам дека ти треба поддршка некоја, може ти е тешко, може имаш некои проблеми, по тежок период од животот и бараш да се потпреш на некој. Исто така имам слушнато дека денеска недела, соновите немаат некоја важност.
Не бе, не ми паѓаат коса, трепки, заб, туку цел паѓам. Како во некоја дупка. Не се будам. А ова трае околу 10 секунди. Супер сум си, немам никакви проблеми во животот.
Имам многу плетени работи, прекривки за маси посебно. Така ми седат, не ги користам. Знае ли некој да откупува такви работи или некоја страна каде би можела да ги продадам?
Selfcare ли е ако си правиш дистанца од вмровци, или тоа спаѓа под дискриминација? На слава сум за брзо, ќе бидеме во иста просторија, не знам дали да ги поздравам или само да ги гледам преку мезето, хелп.
А да си дупиш о да ги прашаш дали сеуште ќе се однесуваат како да се опозиција или ќе почнат да работат ?
Каде е во Волково тој мини расадник /градина? Знам само Григос маркет каде има ама расадник немам сретнато и дали мора да се помине покрај Григос за да се стигне до тој расадник?
Дали има некаде во Штип да се продаваат Lisca градници, ако има некоја девојка од таму, да знае, да ми каже Однапред благодарам на одговорите
Дали има некаде во Штип да се продаваат Lisca градници, ако има некоја девојка од таму, да знае, да ми каже Однапред благодарам на одговорите [/QUOTE] Имаш оналајн ако ти е од помош
@Снегулк@23 Да да, знам дека имаат Знам дека немаат продажни места никаде, освен наведените, ама дека по други градови сум сретнала локални бутици за долна облека да продаваат Lisca, па ме интересираше да не има некое такво место и во Штип
Што се случува со Тинекс? Во последно време како голем дел од производите да ги нема? Многу работи што сум купувала од таму, неможам да ги најдам...
Ептен паднаа под ниво. И јас приметувам дека многу производи фалат. Изгледа толку им е. Лидл ќе ги докрајчи.
Јас имам едно прашање во врска со сметките за струја (ЕВН) Во новиот стан направив постапка за пренос на бројачот од името на инвеститорот на мое име, но сè уште не добивам сметки. Се сомневам дека можеби адресата на станот не е сеуште регистрирана во ЕВН или не знам, можеби има некоја друга причина. Во секој случај дали некој знае како можам да проверам дали бројачот е навистина префрлен на мое име? Дали може да се добие некакoј број или шифра за да пробам да го внесам во апликацијата на ЕВН и да можам да ги плаќам сметките онлајн? Иако моментално не живеам таму и износот веројатно е мал, сепак не сакам сметките да се натрупуваат и да направам долг. Секој совет или искуство би ми било од голема помош. Фала однапред