Треба да купам елка, немам купувано одамна.. Гледам веќе почнале да изложуваат Божиќни декорации, незнам дали е по паметно сега да купам или уште да чекам.. Кога обично е поефтино сега или поблиски до НГ?
Ќе бидам старосватица на свадба и другарка ми рече да ѝ купам ваучер. Кои парфимерии имаат ваучери за квалитетни парфеми? *Ваучерот би бил до околу 200 евра, повеќе не можам да си дозволам.
Дали со целосно нов пасош и ново презиме ми се рестартираат деновите за престој во ЕУ? Според стариот имав уште 40тина дена, но сега со овој дали сум пак на нула? Пошто немам никакви печати сега совет или искуство ве молам?
Не, ти остануваат уште 40тина дена. Бидејќи се водиш во систем според матичен број а не по име и презиме.
Доколку FABUspot имаат ваучери, дефинитивно од кај нив. Космо немаат баш избор, неколку пати сум барала нешто, го немале, не држеле на тој бренд... Знам еднаш на Lancome барав еден парфем во Cosmo, ја прашав вработената вика не држиме на Lancome ништо. Може баш тој што ќе го сака невестата, како бренд воопшто да го нема, разочарење а 200 евра не се малце. Исто да знаеш има некои парфеми во FABUspot во City Mall, што ги нема во истата продавница во East Gate. Мислам дека во City Mall изборот беше поголем. Баш прашај види. И Шатци евентуално, има уште 30тина брендови плус за разлика од Космо.
Се јавив сега во Фабу во City Mall. Не важи тој ваучер од City Mall кај нив. Они од Фабу си имаат посебни и од кај нив се земаат. За да се стигне до 200 евра ми рекоа може со 2 ваучери од по 5.000 ден. и 1 ваучер од 2.000 ден. Немаат еден само во вредност од 200 евра.
Може да се најде нешто https://zegin.com.mk/mk/products?product=Пудра https://zegin.com.mk/mk/products?product=Сенки