И јас го препорачувам Стоби како едно од поевтините, а со задоволителен вкус. Има неколку видови, но оние со тапан, зурла на сликичката, во големите маркети се малку над 100 денари.
Најефтините ти се по 1.500 денари. Оние со возење коли имаше нешто..Форца-Морца...А тие подобрите 50-60 евра. Имаш во Југотон во ГТЦ, до Југотон има уште една. Боље џојстик купи му ако нема уште еден. Поефтино ќе поминеш отколку игра да купиш. Бежичен оригинал џојстик ти е 40 евра.
Каде можам да купам во Струмица или Штип -Lockets се на англиски -како мала, овална рамка за слики што се отвара ? Благодарам однапред
Девојки вака низ глава ми се мота дека имаше очила за работа на компјутер ( за да не се заморуваат толку очите ) има ли ? И ако има каде да се набават и по која цена ? Значи мајка ми ме напна секој ден, ќе ослепела од екраните на работа .
mimi,јас имам такви очила,ама моите се и со диоптер,може да си најде мајка ти и без диоптер со заштита за пред компјутер.Јас бев во Охрид кај др.Анче К. и ги зедов за 2500,како оди со или без диоптер цената не знам тоа,ама знам дека може да си земе такви мајка ти.
Ти благодарам многу , Охрид ми е далеку ама сигурно има и на други места . Како без диоптер па ти , жена во години е . Мислев дека се многу скапи ама сосема солидна цена .
Мајка ти прво треба на очен лекар да оди, лекарот да и одреди диоптер и подоцна кога ќе отиде во било која оптика ќе си избере наочари ( доколку нема ) и освен диоптер ќе си каже дека сака и заштита. Јас наочарите пред 2 години со се стакла ги платив околу 6 000 денари. А сега пред некој месец кога менував диопер, ми кажаа дека обични стакла се 800 денари, а со заштита и со тенчење на левото стакленце ми излезе околу 1 600 денари. Инаку во друга оптика кај што прашував ми бараа над 2 500 денари. Така да, во секоја оптика е различно, и од наочари до наочари има разлика.
Во Кратово, во склоп на јзу имало нов интернист? Би ве замолила ако имате некои информации околу него, како работи, име презиме ве молам кажете Ви благодарам однапред!
Ако има некој упатен, да ми каже дали за време на викенд работат читалната во ГТЦ и Браќа Миладиновци? Од/до време, и дали треба некоја членарина или нешто слично? Фала.
Tреба одново да се зачленам.Одамна не сум читнал нешто интересно.Инаку порано беше ако добро се сеќавам 1200 денари годишно....
ај ако знае некој нека ми кажее...на инстаграм во делот на news нели има you и followers и океј све ми беше во ред ама пред некој ден во followers престанаа да ми се покажуваат активностите па кје го рефреширав и се стабилизираше али сега воопшто несака да ги покаже следам повеќе од 100 луѓе а ми вика дека не следам никој односно : Activity from people you follow When someone you follow comments or likes a post,you'll see there и од доле има Find friends to follow и да кликнам таму да следам некој џабе пак не ми покажуваа ме нервира веќе Помооооош