Ај да си прашам јас тука пред да се убрукам. Глупо ли е на девојка ми за нг да и земам прстен? Не веренички обичен.. Спојлер: Нешто вакво Нема да биде само прстен како подарок, за сега мислев нешто благо, часовник, капа/шал и накит (прстен). Ама се мислам да не е глупо прстен затоа што не ја запросувам.
Ако не планираш со овој прстен да ја запросиш, да, глупо е, бидејќи прво тоа ќе и падне на памет ко ќе го види. Ако веќе сакаш накит одбери нешто друго.
Подобро земи и алка, привезок за алка (ако носи Пандора), новчаник, ташна и сл. Не дека нема да се израдува на прстенот, ама боље е еднаш да дадеш прстен како поклон, и тоа вистинскиот и во вистинската прилика.
Секоја би си помислила дека е запросување. Подобро ланче или алка. Овие прстени на пандора ли се? Ако има пандора алка земи и чарм.
Овие од сликите баш се убави и нежни. Се гледа дека не е веренички. Ти најдобро знаеш на што би се израдувала најмногу.
Не, зошто глупаво. Ова нешто доаѓа како promise ring. Баш слатко изненадување. Плус се гледа дека не е прстен за запросување. Мој совет ете, можеш прстенчево, благо и некој детал (капа, шал, чанта, некоја шминка, крема за тело, парфем). Имам некое суеверие за часовници да се купуваат за партнери.
Не знам во која тема да прашам, па ќе прашам тука. За во Скопје, дали мислите дека вреди да се стави туш со overhead глава, нешто како на сликите? Дали има врска дали цревото е метално/ребрасто или мазно (не знам што материјал е тоа)? Дали сте имале проблеми со термостат по подолго време користење? Или да земам само туш со поголема слушалка и држач на ѕид (и термостат можеби)? И општо, што било друго би можело да ме посоветувате би ми било од помош.
Според мене, нема зашто да се обрукаш. Баш се нежни и слатки прстените, не личат на веренички, не би требало така да те сфати. Сепак, ако веќе се двоумиш, можеш да ѝ земеш нешто друго од накит, ланче, обетки, алка, некој комплет, зависи што си носи девојчето. Ако има пандора алка, можеш да ѝ земеш и привезок за алката. Тоа со благото е добра идеја, можеш некое новогодишно пакетче или некои чоколадни бонбончиња спакувани во кошничка/кутија со машна, имаш во АД Европа. Најбитно е да биде нешто што знаеш дека ѝ се допаѓа, нешто што ти спомнала дека сака. Тоа мислам дека најмногу ќе ја израдува, гестот, дека си запамтил.
Паметно од твоја страна само уште тоа ти фалело па тек ќе си се почуствувала понижено сега најди си друг не вреди тој не те чуствува за блиска личност дегенерик некој па другарка се кани на слава а не пак девојка типот не е во ред нешто
Од 2 слика, го имам третиот по ред, и сум задоволна, само гледај со посебна чешма да е, зошто ако е заедно поврзана чешмата секој пат ќе ти капе од горниот туш вода, и кога не сакаш да миеш коса
Фала ти на одговорот Се плашев и јас за тоа капењето, меѓу другите работи.. Како мислиш со посебна чешма? Имаш некој пример/слика? И како воопшто би било тоа поврзано, како би ставила 2 чешми?
Како на пример што е првиот од 2та слика, нема чешма со одвод, туку директно на туш оди, барај чешма што ќе има и одвод и туш, кај мене сите три на различно се пуштаат, баш како третиот што го гледаш, иначе не капе ако не го пуштиш, јас сум задоволна. Супер е.
Од каде го купи и кој бренд? Мене сликите ми се од Комбо и Дака. Дали ти е тежок за чистење, и дали ти се одвртува горната глава?
Од Енергосистем е мојот, со пулирапид го чистам, темелно се чисти. Се одвртува ама потешко, нема секој ден да го чистиш тој дел секако.