Не ми се прави многу паметна, добро знам дека тука мислењата не се бројат и не прашав поради тоа. Ама која си ти тебе да ти објаснувам? Немам намера да се замарам со тебе.
Сакам да прасам сто е поефикасно да се користи за застита на косата спреј за коса или маска??? Или мозда и двете? Фала ви однапред
Знам дека ролатите се околу 600 денари, само не знам колку парчиња би имало во ролатот, не знам дали е тоа тоа што ти треба.
Си напишав шо си напишав во темата за глупостите, туку сега озбилно да ве прашам Извадив копче од тастатурата на лаптопот и сега не можам да го вратам назад со денови ми стој така со селотејп постои можност некако да го однесам во продавницата од каде што го купив да ми го наместат или пак да ми стават друго, возможно е или ќе треба цела тастатура да ми ја сменват?
И мене ми се десило ова и без проблем го ставив. Пробај да го вратиш, ако не можеш ваљда ти е скршен некој дел. Во зависнот од делот што е скршен, ќе се знае што тереба да се менува. Ако е скршено копчето-веројатно исто такво копче ќе треба само за замена и ќе се среди работата, ако е скршен делот од тастатурата каде треба да се прицврсти копчето веројатно ќе имаш поголема мака..
Се мачев да го ставам три саати и не успеав, делчињата се многу мали и комплицирано е да се состават. Сепак значи ќе треба да го однесам лаптопот во продавницата и таму да ми кажат? А ако има некој проблем да не можи да се стави копчето ќе треба цела тастатура да ја менувам? Само да не дојде до некое поголемо оштетување на компјутерот зошто сепак да се менува цела тастатура не е мала работа Не знам што да правам
Да ве прашам дали може да се направи посна палента без зејтин,само со вода,и дали сето тоа би било вкусно? Ако сте пробале,кажете
И на мене ми се има случено истото,и кога бев сигурна дека не може да се намести,го залепив со супер лепак,и така ми стои,се изгледа убаво,но копчето не може да се користи ( добро е што ми е Caps Lock , па не го користам)
Па може да се направи, пробај, посна може да биде и со посен маргарин, ама ако ти е за без зејтин пробај направи ја. Ама не ти гарантирам дека ќе биде вкусна без ништо друго, јас ја правам со сирење. Посоли ја убаво и не би требало да има проблем. Ако не па свари си компир
Дечки, тој Прирачникот за матуранти по македонски јазик каде го има да се купи (да не лутам) и која цена е? Може и фотокопиран, ако го има. На братучед ми му треба, а не знае кутриот.
Прашај во некоја книжара до средно училиште, може имаат. Во случај да не најдеш, сите позејмуваат од постари генерации.
Во Штедлер имаш секакви моливи, а Штедлер во Центар имаш малку подоле откај ГТЦ, од оној излез откај зградата ВИП.
Побарај во Просветно дело. Ако не во некоја фотокопирница до средно училиште прашај,обично зачувуваат копии зошто многу им ги бараат.
Професорката сигурно му има кажано од каде да го ископира, кај нас како што се сеќавам таа ни го даде, па сите си го копиравме. или нека ги замоли соучениците да му го дадат за да го ископира.
^^ Не е он од Ск. Затоа јас да му завршам работа. А, проф. имала само еден нејзин примерок и не им давала да фотокопираат.