Како да направам тесни патики да се малце поширочки? Има ли некој трик? Не за 1 број туку онака покомотни.
Да не е од тие писмата што известија дека УЈП ги праќала ако си имал некој прилив од странство од 2020 навака, па превентивно праќале писма за оданочување? Види дали можеш некако да дадеш полномошно на некој познат, па тој да ти брка работа. Консултирај се со некој правник дали може со полномошно. Инаку, прво види што е работата, па после види, дали ќе бараш сметководител, правник или нешто друго. Може да биде и некоја банална работа, па сама да ја средиш .
Да од тие е. Ама не знам ни како се дава полномоштво а второ треба лично да се оди во ујп да не се игнорира. А јас нема шанси да дојдам сега. Фала ти. Јас па мислев правник и адвокат е едно исто
Полномошно се дава на нотар, т.е. ти овластуваш друга личност да потпишува и врши работи во твое име, како ти да си присутна. И ќе стои таму таа и таа, претставена преку полномошникот тој и тој. Во УЈП не дозволуваат преку полномошник?
Го заборавив пинот кој го ставив на телефонот, никако не ми текнува, имам уште една шанса пред да се блокира, каде можам да отидам и колку чини, да ми го средат? Пин од телефонот, не од бројот на телефон
Беше 1200 ден е, но се ќе ти се избрише од телефонот, не постои опција да не се избришат податоци.Иначе секоја мобилара ова го прави.
Зависи каков тип кожа имаш, има разни креми против брчки, не знам колку години имаш, убаво е превентивно да почнеш да ставаш крема, ја користам медицинска козметика, имаш во аптеки.
Мислам дека мора да го рестартираш, ти.е. да го вратиш на фабрички подесувања и така ќе се тргне пасвордот. Со ова ќе ти се избрише сѐ што имаш во телефонот. Ова со пин, пук и носење кај оператори важи за пин од телефонски број.
Ако знаеш за што точно се работи пиши им на УЈП на маил, враќаат. Ако не знаеш што е писмото освен што е од УЈП, тогаш треба да го земеш. Ако треба лично а не си тука ти треба полномошник. Полномошно може да дадеш мислам во амбасада да го заверат. Или на локален нотар на јазик во земјата во која живееш и ако ти дозволи да биде двојазично. Ако нема македонски јазик, ќе треба овде оригинал да го доставиш и да направат судски превод. Во состав на полномошното треба да ставиш кое лице го ополномоштуваш со твои и негови лични податоци и да наведеш точно за кои потреби го даваш полномошното. Ако е поврзано со пријавување и пресметки на данок тогаш преглед си имаш на е-ујп и можеш електронски да си завршиш се. Адвокат или сметководител ти треба ако сакаш нив да ги ополномоштиш, во самата постапка како стручни лица не мора да се појават, ако имаш некој овде може било кој да е полномошник.
Супер шо се истепа за да докажеш нешто браво. Грешно сум ја разбрала ништо страшно и едното и другото е пин. Едит: фабрички ресет не може да направи ако не го знае пинот од самиот тел, ако не може да го укл. Само во мобилара
Сува кожа имам, ама дали ќе може заедно со друга крема за сува кожа да ја користам и таа за брчки? Не сум стар, негде колку вас тука сум голем.
Ама стварно немаш потреба да се тепаш у секоја тема за нешто. Замисли некој нешто може и погрешно да го протолкува. Its not that deep. Ете си го едитнав мислењето, мн ми е жал ако ти се наруши балансот у светот ради ова