Дали ако купуваш електроника во Грција има поврат на данок и дали има ограничување до која сума треба да е купеното?
Јас колку што знам има , ама минимален колку што знам дека Мк не е во Еу , некои си 12% ако е и производот мора да е поскап од 50е за ограничување не знам ,мислам царина се плаќа ако е над 350е ама пак не сум сигурна нека каже некој што знае подобро.
Здраво дали некој има земено и да ме упати каде можам да најдам вистински природни кристали и полудраги камења и кажете искуство дали има позитивни реакции во расположение и енергија Фала
Што обично ставате на трпезата за Василица ако сте кумови? Банички со паричка, салата некоја, ордеверче некое, пиење. Немам идеа што да дополнам, а доста луѓе сме. Може ли ваше искуство што да ставам плус?
Пача, месо (мисирка, пиле, ќебапчиња, стек, свинско), шопска салата, макало, благо нешто (домашни мали колачи како чупава ката, бомбици и сл.), таратор/ѕаѕики (иде со секое месо). Можеш и ордевер со кашкавал, шунка, пршута, кулен, сирење, патлиџан, краставички и маслинки. Ако сте повеќе луѓе, најдобро е од месо да земеш голема мисирка од Веро и да ја испечеш дома. Прилично се големи и ќе стигне за повеќе луѓе. Проверено.
Пратив CV на Англиски јазик во Македонска фирма.. Дали требаше да направам CV на Македонски јазик па да го пратам тоа? Се надевам нема да ме игнорират кога ќе видат дека е на Англиски..
На раскрсницата после Нова Македонија што е, што оди према Водно, вртиш лево на семафорот за ул. Јордан Мијалков (ако не сум грешка порано Јужен Булевар го викаа), и одма од десна страна е зградата.
Ја знам, ама не сум порачувал. Од кај Деко имам купувано и ок е. Деко и мноху објаснува, така да ако одиш кај него, може да ти каже се што сакаш да знаеш.