Јас имам иста ваква од Bombaciio. 3000 денари сосе достава, во сетот имаше две навлаки за перници, чаршав и јорганска. Спојлер
Едно прашање, затоа што не се разбирам.. Имам само една трансакциска сметка на која ми се префрлаше семејна пензија до 2019, од тогаш така си стои трансакциската... На комерцијална банка сум корисник. Е сега, прашањето ми е дали на истата сметка може и плата да се префрла и пари од странство некој ако сака да ми пушти? Или треба нова да вадам?
Ако не си ја затворила и картичката ти е активна тогаш нема причина зошто да не може. Ќе ти стасува сѐ најнормално, само можеш и во банка да се јавиш и осигураш.
Дали можам да се побунам ако ми стигне висока сметка за струја а не сум била дома? И каде точно, дали би ја намалиле?
Здраво. Дали во Сара Фешн или во ДМ имаат ваучери и дали знае некој од кој износ се? Планирам подароци за 8 Март.
Ако те плаќа фирма ти бараат договор за да утврдат по кој основ ги примаш парите. Зависи што ти е предмет на договорот, ништо страшно. Класична процедура, остај членот што ти вика дека се појавувал само на шалтер. Не е баш така за поголеми износи. ЕВН, онлајн можеш. Само како ќе докажеш дека не си била дома, е друг муабет. Евентуално да си уплатила некаде на шетање/одмор.
Сара Фешн мислам дека имаат одреден период и денови во годината, а ДМ имаат цело време од 500, 1.000 и 2.000. Побарај на каса во ДМ и ќе ти донесат одма.