Јас користем @ како знак. Еден е доволен, и една голема буква. Остаток од лозинката ми се мали букви и бројка.
Во дневна имаме тросед двосед фотеља, од српски производител, ги купивме од Кристина Дамил салонот, засега сме мн задоволни, разгледај таму, бар пред 2 3 год кога бевме имаа доста избор.
Јас од Мебел ВИ имав купено кожна гарнитура и еве ја почна да се лупи и дупка има на места кај што сме седеле. Не ја платив евтино, плус не сме нон стоп овде, се враќаме за празници и се нервирам кога ја гледам така. Ем не седиме многу тука, ем куп пари дадов за неа, ем се лупи. Некој ќе ми каже од стоење, нема грешка, квалитет 0. (1ипол година ја имам) Затоа сега Мебел Ви во никој случај, истото ми се случи со спалната се скрши доле и накрај заврши во отпад. Баш ќе проверам во овие салони што и како има.
Кожата секако си бара одржување, а лично за мој вкус, никогаш не би купила, тоа како поти по подолго седење од стоење не може сама да се лупи тоа сигурно, туку не била толку квалитетна. Нашава гарнитура е штоф материјал, мн пријатно за седење, лесно си усисувам, флекери имам ставено на делот за седење, супер се покажа до сега, не се мрднати. Разгледај си во Кристина, и продавачките беа доста реални и ни кажуваа што им е по квалитетно. А за спална, конструкцијата на креветот исто ни е од Кристина а душек Алмеро, пре пре задоволни сме.
Да не е еко кожа, вистинска кожа нема шанса да се лупи, може да испука на делот за седење ако не е третирана ама никогаш нема да се излупи.
Затоа викам ние не ни сме многу дома, живееме надвор од МК и за толку брзо време, а не е користен многу...
Корисник сум на семејна пензија и од оправдани причини не можев да ги полагам испитите за семестарот. Студентка сум на УГД и сега не знам дали можам да запишам следен семестар? Начинот на плаќање ми е без партиципација, но за да запишам семестар ми бара уплата. Дали ќе го изгубам правото на пензија и дали автоматски ќе ми бидат прекинати студиите со оглед на тоа што сега не можам да запишам следен семестар? Не ми е јасно и се е толку комплицирано и ограничено...