Или white sage или palo santo беше ова. А дали има негде не сум сигурна, види во продавници онлајн што продаваат кристали, тарот и слични работи.
Преска земав од Базаро термос електричен што треба да се врти, го пробав дома ама не работи и рачката му е малку оштетена. Ако го однесам утре со фискална ќе ми го заменат или тешко?
Сакам да трчам меѓутоа немам каде и искрено срам ми е луѓе кога поминуваат и ме гледаат ....каде обично вие трчате ? Се мислев за кеј едно време ама не знам
Секако мижеш на кеј, претежно 90% трчаме на кеј, или ако имаш средства да си купиш траката за дома да почнеш.Иначе нема зашто да ти е срам, сепак правиш убава работа
За колку време се префрла прва плата, ако си ново вработен некаде и кога би била пријавена? Да речеме наредната недела почнувам и ќе треба цел феб и март да го изработам па плата тек у април или средината на март плата?? Глупо ми е да ги прашувам газдиве одма
Без разлика на која дата ќе почнеш, плата најкасно треба до 15ти да земеш. На пример, почнуваш 19 Февруари, плата треба најкасно да земеш до 15ти Март. Платата ќе ти биде за деновите од 19 до 28 Февруари. Односно во Март зимаш плата за Февруар. Инаку треба да си пријавена уште од прв ден како ќе почнеш со работа
Ако даваат плата на 1ви, ќе земеш на 1ви март за деновите што си работела во Фебруари. Ако земаат на 15ти, ќе земеш на 15ти Март, исто за деновите што си работела во Фебруари.
На трпезариската маса, па и на масата во дневната сакам да ставам нешто декоративно. Трпезариската маса ми е 90х160 цм, а масата во дневната 80х120 цм. Двете маси се наоѓаат во иста соба - отворен концепт. Имам висечки сијалици над трпезариската маса, па мислам е подобро да не ставам високи работи, туку нешто пониско. А и, имајќи предвид дека столиците и површината на масата ми се иста боја (беж), си ставам и зелен ранер за да разбие монотонија. Кај дневната веројатно имам повеќе фора, ама и таму не може нешто превисоко заради телевизорот. За трпезариската маса се мислев нешто како цвеќе со камчиња, или некоја интересна вазна (со или без цвеќе), евентуално можеби чинија со овошје (не знам колку е практично, да не се расипува само). Немам осет ни димензионо како да се движам - дали дека е подолга масата + ѝ ставам ранер, да размислувам нешто како долгнавесто, или ок е и кружно? Ако ставам цвеќе в трпезарија, што би ставила в дневна, свеќи нешто..? Исто така, каде да барам декоративни цвеќиња за оваа намена во Скопје? Би ми требало нешто што е едноставно за одржување, пошто не сум некоја цвеќарка, нешто што не расте многу, и нешто што не бара светлина, пошто се наоѓам на североисток.
И кај мене е отворен концепт, на трезариската маса имам чинија со овошје, а на таа во дневната имам од тие помалите декоративни послужавници, во него имам сукулент, свеќа и еден ситен украс.
Види со @kucinovskiwoodshop на инстаграм. Тој прави маси од дрво со епокси смола, не е баш она што бараш, ама прашај го дали може да изработи вакво нешто.