Ај некој поискусен да ми одговори. Имам телевизор со интернет и е приклучен на домашното вифи, но цело време снемува мрежа, значи еднаш вика дека има интернет а еднаш вика дека нема интернет и неможам да уклучам ниедна програма. А кога ќе го поврзам со хотспотот од телефонот, тогаш си тера без гајле. НО, на телефонот си се поврзувам на домашното вифи и си имам интернет, не ми прави како шо ми прави на телевизорот. До шо може да е?
Рутерот 100%. И јас сум цело време на интернет на тв ама немам проблеми. Види рестартирај го рутерот. Ако не, нов.
Ама јас си се уклучувам на тоа вифи на телефонот и неам проблем , само на тв ми прави така. Сигурно ли е до рутерот?