Како што пишала членката погоре, можеш слободно. Ќе видиш дали на контрола треба да се вадат електронски уреди, и ако треба ќе го извадиш од ранец. Ова зависи од аеродром до аеродром, и од човекот што е на лента. На последните летови мислам дека не вадев ништо освен телефон од џеб, а бев со повеќе уреди.
Јас кога одев за Лондон го носев во посебен рачен багаж и си го носев горе со мене, плус имав и ранец со други работи.. така да не би требало да ти прават проблем.
Жени очајно ве молам за помош. Дали некоја се нашла во ситуација како мојава? Значи опседната,сум со чистење/средување по дома. Секогаш сакам се да е под конец, колку и да чистам пак не сум задоволна сакам одново и одново... Секоја раска ме нервира,прекривачот ако се покрени ме нервира. Значи ако не сум средила нешто, едноставно не сакам да излезам од дома секоја вечер легнувам со помислата што да се работи утре и така секоја ден. Живеам со свекрва што е тотална спротивност од мене,секогаш одам по неа и контролирам нешто да не померила и секако дека да,тогаш уште повеќе чувствувам напнатост. Јас не знам како да се променам. Ве молам за некој совет,не се издржува ова...
Ми личи на OCD, обрати се на психолог, а тој најверојатно ќе те пренасочи кај психијатар. Ако е сериозна состојбата можно е да ти препишат терапија. За почеток, добро е што си свесна дека имаш проблем.
Јас искрено мислам дека немаш друга работа па секоја ситница те нервира.Јас на пример кога ќе се вратам од работа сум толку папсана што и да има слон во соба нема да го приметам.
Посетено. Ми кажаа анксиозност плус опсесивно компулсивно растројство. Пробано и со терапија,за жал немаше резултати.
Посетено пробавме и со терапија,пиев одреден период немаше никакви резултати. Самиот доктор ми рече мора сама да работиш на себе,што мене многу тешко ми оди...
Не знам колку долг период си пиела, но треба трпение и верба во процесот. Верувам дека не е лесно, но исто знам дека вака ти е потешко. Комбинација на лекови и психотерапија и многу многу трпение.
Пишав и во друга тема ама ми се брза па да си ја пробам среќата и тука Каде можам да најдам стикери со Cinnamonroll само да не е Тему,неможам да чекам.
Дали работи утре некоја слаткарница? Ми треба торта, или може сте ги пробале тортите во Веро, дали се убави?
Убави им се тортите во Веро, на Зафир се, сум купувала од таму за роденден, воопшто не се лоши.... Исто и во Рамстор имаш торти на Зафир.
Само расчисти сама со себе прво, на пример кога ќе има работи за чистење или перење си викам ај не денес утре нека се соберат повеќе.Такви некој мисли ќе си имаш и на пример после работа дојди дома и искочи иди пазари дојди дома направи ручек остави така садовите околу пак надвор иди.Па вечер одеднаш се ќе си средиш.