Ау па не знам Џени, ако не со пудра. Ех мене така ко помала едно мачкиште и си одев црвена недела и повеќе.
Со ладна вода, мраз пробај за да спадни Или со она термалната вода ако ја имаш Му треба време да се смири
Коцка лед нека ти постои подолго време така ... му треба време да се повлечи црвенилото ... Стави некое смирувачко кремче за лице или најдобро акоимаш бекутан и би требало да биде невидливо до 7 саат
Јас мислам да не ставаш никаков крем за лице, туку да го измиеш местото со ладна вода, пребриши го со алкохол и ако имаш стави хидроциклин маст или кантарионово масло. Не знам дали ќе помине до 7, ама можеш да го покриеш со пудра, ама дури вечер со пудра.
Дали знаете со што можам да ги исчистам патентите и други метални украси (златна нијанса) на облека кои се отемнети (најверојатно од влага)?
некој да ми каже каде да ја најдам опцијата во ворд со која можам на пр. еден збор да впишам и сите такви исти зборови да ми бидат означени .. итно е
Ако добро те разбрав, притисни CTRL+F па ќе ти излезе прозорче за да го впишиш зборот што сакаш да го најдеш.
Знае ли некој како се викаат оние пластични „закочувачи” на врвките од патики/дуксери? Дали имаме воопшто име за нив, макар и народен назив. Вака изгледаат:
ај и овде да прашам... Кога ставате подлога ја ставате само неа под пудрата, или прво крем па подлога па пудра?
Да не познавате некој кој е овластен преведувач од српски на македонски? Барам со диплома и сертификат, а не студент или некој што прича па каша попара да ми преведе, сепак се работи за стручна литература.
Пробај со рестартирање дали ќе се врати во нормала. Друга опција е да имаш несакајќи притиснато некое копче што го блокира тачот. Зависи каков лаптоп имаш според моделот да се види какви опции има на тастатурата за тачот. Ако нешто се расипало, ќе треба сервис ама се надевам дека не е тоа.
да ве прашам нешто итно ми е , значи нели на 1 мај ке одиме на излет и сега пошто времето е никакво и може да заврне во секој момент , што предлагате да ставиме некоја церада нешто ве молам помогнете ми , покажете некоја слика ,или некое искуство што да направиме ние ? (само немојте да кажете да си одиме дома , таа опција се исклучува)
Ух, незнам како да реагирам. Иако сум смирена, сепак не се чувствувам пријатно. Мајка ми не ми дава да се депилирам над усни со ништо, а и многу ми е срам за било што да разговарам со неа пошо НИТУ она е опуштена а понекогаш незнае ни како да изреагира, понекогаш се кажува на тато и така. И сеуште ме мисли за малата ќерка и некако ако нешто се обидам да направам т.е чекор во светот на поголемите секогаш гледам тоа да е еден чекор денес и после долг период друг чекор за да не биде се наеднаш шок. Ама ова некако баш така испадна. Почнав да пијам кафе, почнав да си пишувам со многу машки, почна да се слуша чуден звук од мојата соба , почнав да се затворам по соби, почнав да се карам така почесто и се во една недела некако и баш неќна купив лентичка за надусници и ја ставив во касата кај шо ми стоат и пари и сакази све, и имав 3 сакази и знаев дека сабајле ќе земе ама сепак не ја поместив лентичката и сабајле стануам глеам лентатата поместена на друг агол и фали еден саказ. ТОП. Вишла. И ништо не ми рече природно си се понаша малку зачудена СЕ НЕКАКО НАЕДНАШ ШОКАСТИЧНО сепак грдо се чувствувам. Ај вечер ќе си отидам до сити мол и малце ќе ми се тргне тоа од умот ама сепак ... што да правам?
Конкретно за депилација на надусниците, и мајка ми беше против депилацијата. Така што, тајно се депилирав Така скоро година, се криев и се депилирав кога не беше дома Ако толку ти сметаат влакненцата, и ти е намалена самодовербата поради нив, тогаш примени ја мојата тактика