Каде да купам црни рамки а4 формат, ама ми требаат да се исти сите околу 40, секаде каде што барав имаат само по 3-4 исти
Секое платно ќе се познава солта кога ќе се исуши. Јас носам бакетхет на море и секогаш се познава бело од солта исушена, но го перам исто како купаќите секој ден и нема гајле. Така да најди нешто такво што ќе можеш константно да го переш со млака вода и сапун барем. Овие вакви качкети мислам дека имаат некој вид на картон внатре (не сите- некои) за да стои обликот, така да гледај убаво Побарај на женски пазар што се магацините, распрашај се и ако немаат можеби можат да ти донесат.
Луѓе, зошто не можам ништо да платам онлајн со картичка веќе 2 недели? Картичката си е активна, имам пари на неа и со години наназад плаќам со неа. На НЛБ банка сум. Што и да пробам да платам, ми вика трансакцијата е неуспешна, а на пример во маркет кога плаќам со истава картичка сѐ си е во ред. Знае некој што може да е проблемот?
Ја имам, направив преку неа потврда за трансакцијата и ми вика неуспешно плаќање поради достигнат интернет лимит. Каков е тој интернет лимит
Лимит за плаќањата си имала? Пример ти е 100 евра, па си го надминала. Пробај сеа у таа mklik да го промениш лимитот, зголемиш, ако не може, у банка јави се, ќе ти средат.
Не сум имала никаков лимит досега, а и нарачкиве што пробувам да ги платам не се некои вртоглави суми. Ќе си прашам директно таму, ти благодарам. @Снегулк@23 пред помалце од една година ги ажурирав, не верувам дека е до тоа.
Прашав кај мене во маало во црквите, ми рекоа само малечки имаат, оние како за во ташна, не им носеле такви големи.
Можеби во книжара? Кај нас сум гледала такви големи, нели принтаат за фирми, принтаат и оригинални какви што се.