Разгледај ги на инстаграм: Модерен танц: telosfera_ Танго, салса и сл: centar213 и danceartskopje @Компир Манџа со секој почит, ама често те читам, одговараш на секое прашање, колку да се најдеш во муабет. Ако не знаеш да одговориш точно и конкретно, само продолжи понатаму.
Имаше период кога воопшто немаше танци во Скопје. Одговарам кога знам нешто, а кога не знам, не одговарам. Некогаш и приближните одговори можат да помогнат.
Во која банка ми е најпаметно да си отворам сметка, во моментов имам на НЛБ но сакам уште една каде ќе можам пари да префрлам. Има некоја разлика меѓу банкиве?
Исти се сите, само месечно плус 100 днари ќе даваш за одржување на сметка, е-банкарство , картици и слично. Не разбирам зошто ти треба, за да штедиш на башка сметка?
Ако ти е за штедење јас имам на комерцијална и сум презадоволна. Можеш и да ја затвориш таа на НЛБ да си отвориш на комерцијална со опција за штедење и така да си ги префрлаш парите. Има мал милион начини.
Благодарам, не сум воопшто упатена во ова. @zence да, сакам да имам сметка за штедење, да префрлам пари од сегашнава сметка на друга и да си стојат таму.
Бидејќи не си упатена. Како функционира општо за твојата намера да имаш депозит: Има разлики во каматните стапки, има разлики во рочноста, во сумите за трансакција електронски и книжно, има разлики во цената за одржување на картичката, има разлика во стабилноста на банката. Мислам дека е мудро што сакаш на различни сметки да држиш пари, од различни причини, зависи колку пари чуваш на нив. Одредени суми се гарантирани (девизи или денари) за поврат, до одредена сума. Нема овде во јавност да препорачувам банки. Онлајн имаш секакви информации. Можеш да направиш споредба, или да одиш во банката конкретно.
Се исплати ли да се штеди колку исплаќаат за 3г ако штедиш знам дека зависи од сумата ама навистина ли многу е малце ?
Да ги поставаме работи многу, многу едноставно: 1) Добиваш некаква камата за извесно време. (Да претпоставиме дека е минимална за извесно време.) 2) Не го орочуваш депозитот и парите ти се дома и се исти по една, две, три години. (за истото тоа време како во случај (1) Кога добиваш? 1) или 2)? 3) Ако не важат претпоставените услови, тогаш ќе направиш пресметка дали вреди да се има депозит во банка или парите што не ти се на депозит би ги вложила во бизнис (на основа на што би добила поголем поврат/профит на пари за истото време додека ти се орочени), имаш тековни трошоци, сакаш да сервисираш долгови или да вложиш во нешто друго (движен, недвижен имот), итн. И тоа никој тука не може да ти го кажа.
Одамна беше кога ги извадив. Но отприлика беше 200-300 денари месечно на Стопанска банка. Ако ставаш често пари на книшката, каматата се зголемува. На пример денес ставаш 50€, утре 80€ и тн. Јас дојдов до 4.000/5.000€ и си ги извадив.