Јас имам ваква, од Џамбо ми е, околу 300 денари. Само не знам дали ти е доволна светлинава за учење...
форумџики некоја информација за цената на сместување во Етно Село Тимчевски во куманово, искуства од некој кој бил таму,општо цените како се движат????? секоја информација е добродојдена
Цените се прилично солени ,а и пишува на нивниот профил дека нема слободни места за 1 и 2 мај ако ти е
Од причина што не можам да ја најдам темата фб-еве овде ако знае некој нека ми пише. Дали постои опција да не може да те означуваат на слики нечиви. Сега видов едно девојче ме имаше означено, најверојатно по грешка на некоја слика, а не ми е пријател девојчето. Како ме означило? Благодарам.
Еспирит се најефтини мислам дека и цените почнуваат од 3000-4000. Другите "марки" се поскапи и имаш часовници што стигаат и до 20 000-30 000 ден. Зависи каков модел и бред бараш. Секако се наогаат солидни часовници и од 6 000-7 000 ден.
Сакам да прашам колку се плаќа на ФОН годишно? Пишав и во темата ФОН Универзитет но не добив одговор.
Девојки, знае некоја дали Леонидас чоколадите ги испорачуваат во други градови и до колку пари им се движи испораката? Еве поконкретно на кои чоколади мислам Спојлер https://www.facebook.com/PralinesLeonidasMacedonia?ref=stream
Цените им се по грамажа и воопшто не им се ефтини . Јас сум купила еднаш од тие малецките (со 4-5 чоколадца што се) кутивчиња со мешани чоколади и не ме земај за збор одамна беше (млада и луда бев тогаш-очигледно) и ме фати околу 500 денари. Е сега пресметај и за доставата, ќе те фати неисплатлива сума.. Во случај да немаат достава, може да си организираш карго превоз. Во златна книга имаш информации : http://zk.mk/search/?what=карго превоз . јас како што сум слушала овие се најдобри: Карго Експрес, ГЛС и Брза Пратка. ГЛС ќе ти биде најдобро затоа што ќе ти дојдат на домашна адреса и незначително се поскапи. До 0-5 кг 130 денара 5- 30 кг 250 денара.. и тн. Ама зависи и за кој град прашуваш, така да најубаво ти е да си ги исконтактираш по тел и ќе знаеш од прилика