Поретко миење, мене така ми се стабилизира, инаку у вис ми беше ко со балон да сум правела електрицитет. Процесот е долг и мачен, особено во летен период, ти препорачувам да пробаш од октомври натака. Ќе си купиш пудра во прав и ќе тераш со фризури, а кога ќе е мрсна ќе го третираш само коренот. Лично јас зимно време стигнам и до 3 недели да не ми се измрси. Летно време ја мијам на 4/5 дена со шампон, помеѓу без шампон, зошто си бара освежување од топлото.
Реално, и еден ден миење да скокнеш добиваш плус. Кога ќе залади пробај да ги накачуваш деновите. Ко што кажав, долг и досаден е процесот ама резултатите се феноменални
Косата ти е сува по должина или темето? Ако ти е по должина пробај маски за коса кој содржат повеќе уља. Мене кога ми е таква сува, груба на допир без живот никаква користам на гарниер онаа со банана маската, балеа oil repire или на лореал elseve extraordninary oil маска. Гледај во состав на почеток да има повеќе уља или некој путери. Пробај пред миење по должина на коса од уши надоле да ставиш маска остави ја 15 мин па изми ја косата ама со шампон само темето не и по должина. Можеш и после миење да ја исцедиш убаво и маската да ја оставиш некој 10-15 мин па изми ја. На инста има една што ја следам пишана е ludokosa има добри совети и препораки за секој тип коса, разгледај ја. Од нејзините совети еве година дена косата ми е топ, нит сум била да се шишам нит едно влакно не ми расцветало
Сува ми е од корен како што реков пробав се и масла кокосово па мајонез па маски имав и колекција за сува коса пак ништо пиев биотин пак ништо. Сега ке купам пак уште едно шишенце биотин може малку беше ова.
Феминки знаете ли некој што работи во недела за фризура и шминка во Скопје? Или што доаѓа дома да те среди во недела? Поздрав