Каде можам да најдам машки пижами ама да бидат свилени или сатенски ? Да не бидат од памук, полиестер или овие од обично платно . И по која цена се ?
@kokodaki сум видела на инстаграм Elevenpm_mk кај што продаваат сатенски навлаки, има и машки и женски пижами, ама не сум нарачала. Види во Стружанка имаа вискозни ,мазни се на допир околу 800 беа лани.
Дали можете да плаќате сметки електронски со картичка од Уни банка без да мора да имате електронско банкарство?
Преку NLB може да се плаќа преку апликација на банката без потреба од електронски банкарство. Преку Уни може само сметки на ЕВН. Дали некој/а има информации дали може други сметки да се плаќаат без електронско банкарство?
Ми се избриша по грешка апликацијата на комерцијална банка. Сега за повторно да ја инсталирам пишувам корисничко име и лозинка ми дава да скенирам код на телефон а на страната ми пишува да внесам цифри ,како сега ?
Не мора да имаш електронско банкарство за плаќање он-лине, одиш дирекно на страната на ЕВН, Водовод и плаќаш со брзо плаќање или преку кориснички профил.
За потрошувачки кредит на Стопанска Банка после колку часа ви јавија дека е одобрен? Мене до сега најчесто во рок од 3 часа , ама овој пат вчера аплицирав во 11 и сеуште нема одговор... а ми треба итно што побрзо
Стварно не знам кај да го прашам ова, па се надевам некој тука ќе ми одговори. За брзо ќе дипломирам. Имам другарка, мажена и никаде не оди без мажот, ако за некаде ја викнам без него не доаѓа. Но преблиска ми е и сакам да ја викнам на одбраната, и јас бев на нејзината. Дали би било глупаво и лошо од моја страна ако и нагласам да дојде без него? Покасно ќе ги почастам заедно или ако правиме некоја мини прослава ќе го викнам и него, но на одбраната навистина не сакам. Би биле само моите родители и другарката. Имам чувство дека ќе се налути и ќе испаднам лоша во ситуацијава, ми требаат мислења од страна.
@Maelina Според мене, За да заштедиш нерви, најдобро е да си ги викнеш само родителите, а потоа другарката со се сопругот на прослава. Бидејќи лично мислам дека тој тип на парови ретко умее to read the room, ретко разбираат дека понекогаш има пригоди од типот само другарки, само колеги и сл и не мора секогаш сè во пар и секако ќе се навредат, Па така ем ќе избегнеш создавање тензии или и на тебе да ти биде неудобно на сопствената дипломска
@Maelina кажи ѝ отворено, биди кратка и директна. Макар што мислам дека нема да ја погодиш, ваквите одат во пакет.