Прв пат ќе нарачувам торта од Делиција, кои вкусови на чоколадо/овошно им се убави? Да ми препорачате некоја торта?
Шварцвалд мене најомилена ми е. А има и една нова ја форсираат сега, со малина е и нутела нешто така, не знам точно, не е само чоколадна и со малини (таа ми е тешка мене имаат и таква), овде малините се како крем и општо кремаста е тортата, баш летна.
Ѕвездена за лето ич не ми е. Барем мене. Јас сум верен фан на делициа, се од кај нив земам и повеќето ми се пробани, таа за синчево во декември ја земав. А иначе сега ми текна има и една со портокал, сицилија се вика. А сега видов, оваа со малината се вика, малина .
Па шо знам, јас ги преферирам овие другиве две први што ги спомнав, ама ми текна и на таа дека е со овошје. Купи си ти ако ти се каснува, нема да остане сигурно
Шварцвалд за мене е најдобра. Ама добри им се и другите. Овошната ја има само летно време и е лесна и освежителна.
Другарка нема да оди на концерт и ми ја предаде картата мене, арно ама на картата стои име и презиме од друга личност. Дали би ми правеле проблем на врата поради тоа?
Јас колку што знам, при земање на картата, ако е купена онлајн, тогаш проверуваат име и презиме, при влегување на концертот нема да имаш проблем ако е на друго име.
Дали некој знае шо изработува слики на платно? Имам една слика сакам да се наслика на платно со убави бои.
Дали може лице со наполнети осумнаесет години да се пријави во УЈП и да направи профил на Мој ДДВ (за скенирање сметки), ако лицето не е вработено?
Не бараат лични карти, битно е да имаш оригинал карта со бар код на влез, а чие име стои, не е важно.
Дали постои курс за финансиска писменост или не знам во која сфера спаѓа како гранка? Очајно ми треба ова, ја трошам се што имам де требало де не требало само да се потроши и мислам дека не е нормално веројатно и психолошки момент е но би сакала некои tips and tricks за полесна контрола над пари.