Каде може да најдам медицински/етил алкохол (96% ) ? Ќе ја означам @forumce мислам работеше во аптека ?
Ве молам препорака за докторка стоматолог, која работи квалитетно и обрнува внимание на хигиената. По можност Центар, Кисела Вода или Аеродром. Благодарам.
Дечки дали знаете некој добар кетеринг за 12тина души, ми треба за прослава. Peakybox засега ми се прв избор, по можност да е нешто слично каде што има таков тип на мини сендвичи, бургери и слично, да не е класичен кетеринг со крем салати, сувомеснато и месо.
Здраво Дали на бит пазар во Скопје може да се најдат убави матетијали за шиење фустан? Или препорачајте од каде може да се купи
Луѓе како сте деновиве на жешково со вртиглавици особено со спондилоза,денес многу лошо некако ептен нестабилност ме турка ,па ако направам нагло потег со вратот страшно,и одма ми ствара тоа анксиозност паника,препотувам и сум нервозна,кажете лек за спондилоза и вртоглавици
Eucerin козметика јас имам барано , но нема по аптеките , не знам зошто не ја носат оваа козметика, има само по некои онлајн страни. На грчкото notino има. За hipp , по аптеките да видиш, имам видено и по супермаркетите (ав василопулос) ама кашички воглавно.
Фала ти, не ми требаат кашички, ми треба путерот против стрии. Ќе оди сестра ми неделава па мислев да ја пратам да ми земе, ама и ние кога бевме немаше каде и да побарав, ова ми е потврда дека џабе ќе бара. Гала уште еднаш.
Дали некој има искуство со Miss Kаy парфеми? Гедам дека на Инстаграм ќе ги донесат кај нас ама не знам каде ќе ги продаваат или веќе ги имаат изложено?
Купив нов телевизор, но неможам да се поврзам со интернетот, сега во упатството читам и пишува: Безжично: користејќи вграден безжичен адаптер или надворешен usb адаптер и ваш домашен безжичен приклучок.. Не ми е јасно..