На инста ми појави некоја страна dreamhome.mk изработувале по мерка и гледам има избор на зелена боја, разгледај може нешто ќе ти одговара.
Ми треба еден совет. Имаме еден кауч кој се расклопува во кревет. Многу е квалитетен, и има одличен душек. Но, сепак времето и употребата си го прави своето, и има делови од каучот кои се попуштени, т.е. не е рамен повеќе. Гледав наддушеци во Јуск со мемори пена за околу 100€. Некои ми викаат да одам со нов кревет и нов душек подобро оти вака наддушекот само ќе се адаптира на нерамнините. Така, некоја најевтина комбинација е 200€, па нагоре. Каучот ќе се користи за спиење само сезонски, во зимските месеци. Значи се работи за 3 месеци оваа зима, од следната најверојатно нема да се користи. Па, што е попаметно да се направи?
Наддушек, никогаш. Поголема глупост од ова немам видено, џабе парите. Ако ти е за еден ден во ред ама да спиеш 3 месеци на наддушек никако. Единствено што ќе добиеш е болка во грбот. Јас така се зезнав, наводно за гости. Излезе да спијам една недела и секој ден мислев дека е до мене. Едвај се движев. Добро ти рекле подобро уште 100 ама барем ќе имаш нов кревет. А не стар и непрактичен.
Фала ти за мислењево. Ѓи требаше од некој што пробал наддушек. Истото ми го кажаа, дека ќе се џабе фрлени пари и подобро е да купам душек нов. Најверојатно така и ќе направам. Што си е сигурно, си е сигурно. Ќе се користи и за гости во иднина.
Епа која е функцијата на наддушек? Се мислам за нова гарнитура , што по потреба се отвара во лежај дали да купам за де не се чуствуваат споевите и подобро да се спие ?
Дали на Битпазар работат дуќанчињата после тезгите каде што продаваат декорации за свадба? Ако не, каде може да најдам на друго место?
Да, работи. Center of Decor - Wedding House https://www.google.com/maps/place/C...try=ttu&g_ep=EgoyMDI2MDkzMC4wIKXMDSoASAFQAw==
Јас работев во Систина 5+ години и многу ги менуваат некако цените, крвните анализи се прилично скапи,кај секој доктор имаш различни цени за преглед плус што треба да одиш на контрола .. Да не зборам додека стигнеш до контрола може пак да се качат цените па пациентите се расправаа со персоналот како парите да одат во наш џеб. Мој совет оди на интернист што работи со фондот. Има многу приватни интернисти што соработуваат со фонд.
миеме задолжително, на тој начин се отстрануваат потенцијални јајца од паразити и други нечистотии и можни хемикалии од намерно или ненамерно прскање.
Некоја од Вас има ли склучено брак во Швајцарија, па потоа за да се пријави бракот во Македонија дали треба апостил на изводот на венчани издаден од Швајцарија? И, некој ако поминал низ ситуација сопругот во македонски пасош да е со едно презиме, а во бугарски друго презиме, а јас го имам земено презимето на сопругот според бугарскиот,при промена на документи во Македонија дали Ви имаат правено проблем? На изводот на венчани е запишан според бугарско презиме, но го пишува од Северна Македонија.
Ако мислиш за да спречиш да мириса кантата јас мислам најдобро е органскиот одпад да го фрлаш веднаш,јас обично кога готвам во кесичка го ставам органскиот и го фрлам во контињер пред зграда.