Не го прашав детето само бараше, прашањето беше поставено пред да купам, сепак ви благодарам за вашето мислење и одвоено време
Ај мала помош: дали можам да се префрлам кај нова матична докторка во некоја ординација во Скопје (пошто живеам во Ск веќе 10 години и тука работам), иако адресата на живеење на личната карта и моменталната матична докторка ми се од друг град?
Како да се најавам на сајтот Мое здравје? Нема опција за регистрација, како да знам кое ми е корисничкото име и лозинката? Некаде слушнав дека тоа биле податоците од профилот на УЈП ама не може со тие, ми излегува неточно.
Со тие податоци од ујп треба да успее. Ако не смени прво лозинка на таа страна и провери дали профилот ти функционира па пробај на мое здравје.
Пробај со податоците од УЈП регистрирај се на услуги.гов.мк и после тие податоци на мое здравје. Не памтам точно како беше ама мислам дека не можеш директно преку УЈП профилот треба да имаш еИД профил прво од услуги.гов.мк.
Може директно. Јас се логирав прво на Мое здравје и потоа после некој месец на Услуги со тој меил што сум на Ујп (без некаде да се регистрирам прво). Ако не си памтите пасворд, може да се промени на ујп страната пасвордот. https://e-ujp.ujp.gov.mk/ureg/forgotPasswordBegin.seam Корисничко име е маилот.
Профилот ти е основно или ниско ниво? Мојот со основно не сака да се логира, на е-услуги најавена, но на мое здравје одбива
Со што се логираше на е-услуги? Со маилот и пасворд на УЈП? Мене нивото ми е ниско како што можам да видам на странава, ама имам вадено документи (од суд, извод, државјанство), а мајка ми директно што се регистрираше со меил на е-услуги е основно ниво и неможе никакви документи да вади... За мое здравје ти треба меил од ујп профилот, затоа те прашувам..
Имам кошула купена од странство ми ја донесоа , проб е што ми е голема за еден број и ослабев широка ми е. Кошулата е многу убава и ми е криво што ми стои во регал така. Сакав да прашам, дали познавате некој шнајдер низ Скопје дали би можел да ми ја стесни или намали за еден број помал? Знам дека кошули се носат пошироко ама не се свиѓам така. Дали има шанса да ми ја оштетат ? Од кој сте задоволни ,јас не познавам ниту еден шнајдер
Дали сте имале ваков проблем при најава на Мое здравје? Од кога ја симнав апликацијава никако не успеав да се најавам
Која марка на електрични шпориња би препорачале за некоја средна класа, до кај 25 илјади денари. Горење, Кончар, Телефункен добри се?