Има и во поголемите маркети на Тинекс,чинам на Фриком беа. Мешавина од шумски плодови кај што е замрзнатата аронија. во тој кај Раде Кончар секогаш има.
Накит златен убаво би стоел,а боја на штикли можеш шеќерна,кајсија боја,бебешко розова,светло сива,светло сина боја.
Накит може било каква бижутерија може само сребрена ко што е или пак во крем или пак во кајсија боја или како што ти кажа Анабел златен накит, а за штикли кајсија боја најдобро би било така мислам.
СДП Не сум од Скопје, ќе доаѓам на преглед на Клиника, немам многу време да се шетам, па ме интересира каде имам најблизу Космо? Во Зебра или?
Да,можат лекови да се пратат како пратки по пошта во друга држава,само нормално дека ќе треба да си пополниш формулар во пошта и да платиш одредена сума за испраќање на пакетот во поштата,исто и тие во поштата се убаво ќе ти објаснат!
Девојки квалитетни ли се машките каиши на Дуки и Дасо,гледам се по околу 800 денари.Но ме интересира квалитетот?
Пред некој ден, дечко ми зема од таму каиш и ми кажа дека е супер и квалитетен. Па сега незнам, за кого како.