Знае некоја каде можам да најдам низ Скопјево и колку им се движи цената одприлика на носачи за бебиња (такви како кенгурчиња)...Не знам како се викаат , вака нешто:
Не е проблем имам едно обично прашање.. Прочитав тука дека со талог од кафе се губеле подкожните влакна а јас неинформирана бидејќи подкожни имам и под мишки пробав таму трлав шмрлав и ништо пак си ги има а мислам дека раништа оставив кај мишките многу ли е лошо? Со што да ги негувам сега? ПС. Ако пијам кафе за време на менстр. дали ги влошувам болките пошо имам болки?
За менструацијата и јас сум слушала дека кофеинот ги зголемувал болките.. мада кај мене се ги зголемува
па не се скапи оклолу 800 денари можеби и поевтини кје најдеш а ги има во трговските центри цити мол,џамбо
Ќе пишев во темата за молци и штетници, но гледам дека не е баш активна, итно ми е. Од нигде никаде ми се појавија мравки дома (кој живее накај Водно знае како е со инсективе, секој ден трчам и тепам ), имам дома инсектицид ама страв ми е да прснам, најмногу поради маченцето, додека да изделува два-три саати ќе го тргнам и ќе седи, и ние ќе се тргнеме, ама работава е да не е штетно за него и после дејството, баш немам искуство со вакви работи, некој да имал вака, совет, мислење, што да правам?
Најверојатно е така затоа што кафето е антидиуретик..за помали менструални болки пожелно е да се внесува поголема количина на течности,самата сум приметила дека е така. Со конзумирање на кафето се придонесува за губење на течностите во организмот.
Какво е времето во Скопје, дали се навестува невреме пак? Треба да патувам за саат време, според вас до 16-17 ќе има нешто страшно или? Итно ми е.
Сакам да си купам телесна вага ама незнам дали обична или дигитална. се мислам помеѓу овие две http://www.neptun.mk/index.php?route=pr ... ct_id=7801 http://www.neptun.mk/index.php?route=pr ... _id=206990 иста цена се, не ми се даваат повеќе пари за вага. Која би била посигурна? незнам јас која е разликата...
Ако не можеш да употребуваш инсектицид поради мачето,пробај со ситна сол.Посоли го местото каде што се појавуваат мравките.Во случај да не ги уништиш со сол,обележи го местото со креда во бела боја.
Јас имам иста такваа црна дигитална и ја користам долго време имав и слична како белата не дигитална ама ми се помери нешто стрелката се расипа,а дигиталнава не верувај ако си купиш дигитална кје си свршиш голема работта и кје си ја служиш долго