Ти благодарам, јас во меѓувреме прво ги шмукав со правосмукалка сите што излегле, но по неколку часа пак влегле внатре нови, па пак смукав и на крај прочитав на интернет дека помага вода со сјај внатре, сапуница, де , имаше уште 2-3, направив смеса со врела вода и секундата кога ги прснав веднаш умреа. Попрскав од таму од каде што доаѓаат и еве ниедна се нема веќе завртено. Ова за друг пат ако немате друго при рака.
Сакам денес да го искористам денов, за да сменам гума на велосипедот и да го подновам малку. Сеа сакав уште, да ве прашам дали е можно да ми успее ова што го планирам. По колку пари се спрејовите, за прскање за графити што се? Отприлика? И дали ке фати на велосипедот бојата.. Сакав да го зеленосам, темно зелено и темно црвено.?
Луѓе итно ми треба помош! Со мојата тастатура нешто не е во ред. Нејќеше да пишува а вклучена е и светка дека е вклучена. И јас ја свртев бидејќи мислев дека е до кабелот и го наместив поубаво и изг. случајно сум кликнала нешто и сега кога на пр. кликнам на „л“ се одлогира; на „м“ се миниизира и така е за повеќето букви кога ќе кликна не некоја и отвара прозорче, а некои не ни функционираат Спојлер За да го напишам мислењето вклучено ми е капс и стискам шифт; а некои букви ги копирам и пастирам да нема недоразбирање во врска со тоа
100 денари се, има на Рузвелтова спроти Офис Плус. Јас мојот тој постариот го прскав со таков спреј. И добро испадна.
Кажи ми вака: Дали оградата сакаш да биде на бетон. Од што материјал да е (ковано железо, дрво...итн) Димензии Дали ќе биде на тераса или двор
Колку време е потребно за да порасне нокт? Имам 13 години, па би требал побрзо да порасне, нели? Си го удрив ноктот и треба да ми падне сега. Па малку ќе биде глупо цело лето да одам во влечки и сандали без нокт. Барем мене ќе ми биде глупо. Се плашам дека си го упропастив летото.
Да не знаете колку чини принтање во боја по страна во Мавровка? И дали ако на цела страница има само еден линк во плава боја (во фуснота, со фонт 10ка) ќе ми наплатат како страна во боја?
Девојки и момци дали знаете има ли како порано оние каде што можеш во странство повик да направиш и си плаќаш според времетраењето.Конкретно ми треба да телефонирам на неколку места во Америка и страв ми е од домашен телефон да го направам тоа , којзнае колку ќе ми земат , а вака полесно ми е да платам одма отколку да мислам колку ме чинело.Знам порано и во пошта се обавуваа такви повици не знам сега дали уште постои такво нешто ?
И-Т-Н-О ! Си го унаказив лицето т.е надусниците со ленти за депилација. Што да ставам да помине најбрзо што може? P.S Кантарион немам, ама ако тоа е лекот, да купувам ?
не може инстантно да ти помине Јас би советувала бебешка пудра. Кога мене ќе ми се случи истото ставам од пудрата и наредниот ден е веќе боље. Ама ако ти се одрала и кожичката, ќе мора неколку дена да пројдат за да помине маката И во интернет-кафеа имаше ваква опција ама дали уште има такви појма немам, не сум приметила нигде, ама па не сум ни барала затоа. Распрашај се дали има и попаметно ти е од таму да си телефонираш зашо колку што се сеќавам не беше до толку скапо а од домашен може да те ошурат јако.
Во некои интернет-кафулиња знам дека може да се врти во странство,на фиксен 10 денари по минута,на мобилен 20 денари по минута,а за во пошта не сум знаела дека порано можело и од таму да се врти во странство,можеби уште продаваат посебни картици за фиксен телефон за намалено плачање,Silver и Gold се викаа тие,провери си во пошта можеби уште ги има и уште може таму во странство да се врти!
Не знам од кој град си, кај нас го има тоа и се вика INTERPHONE внатре имаш 3-4 кабини мислам дека секоја кабина е за различни држави а и цените по повик ти се мн поволни.
За преинсталирање некои фирми ќе ти земат и 1200 денари, подобро најди некое дете за 300 ќе ти го среди или во некоја локална продавница прашај дали има сервис ќе ти заврши работа за поевтино. Ако го однесиш во поголемите продавници пр AMC можно е да ти бара лиценца за windows и ќе ти наплати.
600 до 1200 денари за форматирање компјутер . Што не кажете да почнам да им земам пари на комшиите и пријателите . Мароон прочекпај бе по нет има убаво објаснето чекор по чекор, и симни си windows па после части се пица и кафе оти си научила нешто ново .
женски ми треба помош ама незнам дали ја погодив темава значи вака во јули правиме крштевка и сега незнам дали је ок или не да го порачам овај фустан посто е црн со зелено дане е премногу темно за крштевка ве молам за совет