Тоа се вика колаж. Најди си на Интернет програма и си направи. Или па евентуално на Paint си направи.
Дечки како прво да не ми се смеете.. Значи се депилирав дома со восок, ама само на едната рака ии за беља ми излезе црвенило по раката а за два часа треба да излезам. Е сега др рака ми остана недепилирана, па прашувам глупо ли ќе е да ги фатам влакненцата со бик?
Како да не, со бик. Издепилирај ја и другата, а за црвенилото стави си бебешка пудра (Бекутан), а и крпи намокрени со ладна вода (повторни наводени ги кога ќе се стоплат), а може и лед наместо да ги мокриш.
LARA, ти најдов денес такво интернет кафе случајно! На поминување прочитав дека имале такви можности за јавувања по светов па ми текна дека ти се интересираше. Има во аеродром, спроти XXL во зградите. Кога ќе преминеш тоа уличето/паркинг одма првата зграда на аголот. Немаш утка, на видно место е
Ми треба инфо каде е префрлена индиската продавница во Гтц што беше на почетокот на трговскиот кога се влага од кај Холидеј ин. Пред некој ден видов дека има на истото место нов бутик за кондури. Или некоја слична на таа, каде има во Скопје?
Арабеска во Сити мол, Рамстор и на Климент охридски https://www.facebook.com/pages/Atelier-Arabeska/126933974037176. А имаш и Камала во ГТЦ и во близина на Католичка црква.
Сакам да кажам... сакам да ве прашам каде има козметички пакети шминка фризура трепки знаете негде ама да се асаални цените ?
Сакам да прашам дали некој има искуство со порачување онлајн од La soy.Прорачав нешто пред една недела,али неделава бев во гужви и ич не ни помислив на порачкава,дури вечерва ми текна. Утре ќе им се јавам,ама некој ако може вечерва да ми смири нерви уште поарно. Инаку,не сум од Скопје и нема кој да ми купи па затоа морам вака,ама па многу се чека,небаре од Кина треба да иди. Или па не функционира ова Е-продавница.
Оффффф и јас го имама истиот пролем. Треба да одиме на повојница кај внуче од братучеда на мм. Проблемот е во тоа што они нема што немаат . Се имаат, гардероба, козметика, играчки.....Стварно ми е проблем што да однесам. Поклон во плик не ми оди некако , а со оглед на тоа дека се добро ситуирани би требало поголема сума пари, а моментално не сме толку во можност. Дајте некој предлог девојки
Јас сум за голема плишана играчка. Ќе ја имаат за спомен, ќе ја краси собата за бебето а и за пристојни пари можете да најдете, или пак оние незнам како се викаат светилки како ѕвездички и месечинка и се поставуваат низ цела соба.
Незнаев каде да го поставам прашањето зато тука... дали знаете колку има “Лесковачка скара кај Вили„ ? Многу ми е итно , ви благодарам однапред
Книгата земена од American corner Macedonia ја каснам отприлика два месеци. Претпоставувам ќе добијам забрана за повторно користење на книги. Само тоа или има и уште нешто друго?
<3 Бидејќи не затекнав слична тема на форумов да не Знае некој од кај можам да изнајмам ласери, lightshow, шарени трепакчи за забава и слично? по можност во скопје ќе ви бидам многу благодарна
Не знаев кај да прашам па ај тука. Да не знаете каде добро и ефтино депилираат во Аеродром? Ама со ладен восок.