Луѓенца, изедов чоколада со поминат рок. Рокот на траење и бил до 23.05.2014, ама нели кој да прочита. Сега за сега, немам тегоби. Ќе добијам труење , или нешто слично?
Татко ми е технолог т.е професија нешто околу тоа и вика дека тоа со рокот нема врска, можат да се јадат производите и 6 месеци после рокот, тоа е пишано само за претпазливост, никој не знае колку точно нешто може да трае, па и за неколку дена, т.е 10 ништо не е.
Никој не ми одговори во темата Фотоапарати, а ми треба одговор на прашањево. Значи подобро е апарат со 20,1 мегапиксели и 5x оптички зум, апарат со 14 мегапиксели и 7x оптички зум или со 16 мегапиксели и 10x оптички зум?
Не знам дали е за тука прашањево ама итно ми треба одговор. Матичниот општ доктор ми ја затвориле и сега појма немам како да проверам дали електронската картичка ми е активирана. Треба во социјално да отидам да проверам дали треба да ја откажам како матичен, дали можат таму да проварат или ако одма земам друг за матичен ќе може да ми каже дали е активирана или не? И како би можела да дојдам до картонот?
Марама, не знам колку би ти помогнала, ама колку што знам, матичен доктор може да се откаже/или да се префрлиш од еден на друг, само во Фондот за здравство. Таму се евидентираат таквите работи. Инаку, по затворањето на ординација, во Фондот исто ги распределуваат пациентите, т.е сами им одредуваат матични. Така што таму треба да си провериш кој ти е матичен сега. Спојлер Барем во мојот град така прават
Ако добро те сфатив, со новиот закон немаш потреба да се одјавуваш или да си го бараш картонот. Само си бираш нов матичен, му кажуваш дека сакаш кај него да се лечиш и тој ти средува се'. Јас пред две години направив така. Ништо не побара од мене, само телефонски се јавив, и' кажав дека сакам да ми биде матична и толку. Докторката ми среди буквално се'. Јас всушност не ни можев да си го најдам картонот, мислејќи исто вака како тебе дека треба да си го земам и да се одјавувам отидов кај старата матична. И таму шок, ми кажуваат дека картонот ми го нема, ми го изгубиле талентите, се јавив веднаш кај новава докторка и ми кажа дека веќе нема потреба од такво нешто и дека тоа е нејзина обврска. После мене и моите и сестра ми се префрлија кај мојата нова матична. Истата процедура беше и со нив. Истото го направив и со матичниот заболекар. Си одбрав нов, му кажав дека сакам тој да ми биде матичен и толку. Останатото си беше негово. А картичката исто кај новиот матичен ќе си ја активираш ако не ти е активирана, тоа не би требало да претставува никаков проблем. Сепак ти кога ќе си одбереш доктор, ќе му ја објасниш ситуацијата па ќе ти каже се' детално, ама мислам дека нема да ти каже нешто поразлично од ова.
marama статусот на картичката можеш да го провериш на оваа страна, односно да си ги видиш имињата на одбраните матични лекари (општ, заболекар...). Доколку претходната матична ги има распределено пациентите кај друг, ќе видиш кој ти се води моментално како матичен. За менувањето објаснија другите феминки, процедурите се сменети, па мислам дека е поедноставено како што кажа Daydream. Aко до сега никаде не си ја користела електронската здравствена картичка т.е. ако не си ставила пин код, првото внесување на пин (активирање) освен кај некој од матичните, може да се направи и во некоја аптека (ако се љубезни да ти ја активираат). Само задолжително памти си го кодот (5 цифри) што ќе го избереш, бидејќи ако го заборавиш се плаќа за барање на нов во фондот.
Dali nekoj znae ruski jazik.Mi treba da mi prevede na makedonski i da raskaze na ruski raskazi. (Se razbira ke se plati kolku treba) ? Дали некој/а знае руски јазик? Ми треба да ми преведе од руски на македонски и на руски да ми раскаже расказ. Се разбира ќе платам.
луѓе знае ли некој од колку саат почнуваат со работа во завод за вработување ? хитно ми е,треба да се пријавам ама ми треба точно време кога отвараат, па ако знае некој точно ве молам пишете...
Па јас прашав тука во наслебава кај што живеам и ми рекоа дека не мењавале ситни евра, не ми е за центи за евра од по 2 ми треба.Затоа помислив да не не мењаваат сите.Најдобро ќе биде да проверам во центар изгледа.
Jас кога се вратив од одмор сите ситни евра и центи што ми беа ги сменив во менувачницата во Рамстор што е,само центите испод 0.50 не ми ги примаа.За другите не ми правеа проблеми.
Леле во дилема сум да ви кажам....или трилема..море повеќе нема врска седнав така јас на стол,се мислам како се велеше за она сметки кога ќе ти отвораат на банка Трансфуизона сметка? Транзициска сметка? Транспортна сметка? нешто на т беше....
Со што да ја исчистам бојата од ташната? Мислам ,, бојата‘‘ ми има префатено од тексасот и од кремава сега е плава. И тоа баааааш омилената ташна.. Чаре?