Сакам да кажам... не бре стварно смеј или не пошто гледам англискијов на секој втор пост се употребува
Има ли некој што укоричувал труд? Значи да не биде со спирала, туку со тврд повез. Пола саат гуглам, најдов различни цена на интернет, ама ако некој има искуство со ова, би му била благодарна да ми пише.
Во Либро во Мавровка за труд од 92 страни заедно печатење и укоричување ми зедоа 500 ден од примерок..од прилика мислам само укоричувањето е 350-400 ден
1. Ако прикачуваш слика од Интернет, тогаш го копираш нејзиниот линк и го ставаш меѓу заградите, . (Значи линк од сликата-open image new tab, a не линк од страната каде се наоѓа сликата. 2. Ако прикачуваш слика од компјутерот, одиш на Прикачи фајл-Choose File и ја избираш сликата. Можеш да прикачиш 5 слики максимум, а откако една прикачуваш, не одиш на испрати, туку кликаш на додај го фајлот, па повторно истата постапка за да прикачиш втора слика и се така. И сите прашања кои ги имаш поврзани за форумот ги поставуваш овде za-forumot/ во соодветната тема, како сега на пр. za-forumot/prasanje-za-forumot-t10089/
Можеби ќе ѕвучи смешно, но мене ми се случи и да прашам дали на некој друг му се има случено или има идеа како да го решам проблемов. Имам пегла за алишта на пареа и сношти откако допеглав забележав дека има прилично голема бубачка внатре во неа во делот каде што се тура водата. Незнам како не беше умрена од врелата вода, мрдаше и си шеткаше низ пегла Дали некој знае како да ја извадам пред да влези во термостатот или некој друг дел од пеглата, се плашам да не ми направи некој проблем.
Лична карта и Диплома односно свидетелство за завршено образование со поднесување на оригиналот на увид.
Не сум од Скопје и немам идеја како да се снајдам до American Corner. Знае ли некој каде точно се наоѓа?
American Corner е спроти Мавровка,ако знаеш каде е. Подолу од Бит Пазар,голем,нов објект на ќош на улицата. Дијагонално од него е универзитетот "Св. Кирил и Методиј".