девојки имам ист ваков апарат,денеска го купив и сакам да ве прашам дали некоја од вас има ваков и колку од истиот е задоволна? би сакала и да прашам дали има некоја фунција каде што би направила сликите да ми бидат пример личноста во гро план да биде незамаглена, а позадината да биде замаглена. мислам дека ми разбравте за што зборувам....... еве за што зборам
^Барај девојко во функциите треба да имаш цветче и планина, цветчето ти дава ваков ефект, за одблиску. Логично на ова, планината е за далеку. Барем на 2-3 апарати што имам ракувано досега така е.
Имам една маст која ја користам за алергии и сега ми треба да се намачкам ама рокот приметив е до 02 2012, да се мачкам или јок?
Doozy, немаше ни цветче ни планина во опциите. цело мени го свртев наопаку......... има една опција демек се викаhoot subject with soft background. претпоставував дека тоа би требало да биде и ја поставив таа опција и сликите повторно излегуваат обични
Знае ли некој колку пари чини превод на 15 страници од англиски на македонски ,отприлика само ориентационо. Се работи за стручен текст.
Стварно немам појма кај да прашам.. Дали некоја знае кај можам да најдам налепници или заштитна фолија за лап топов? Јас барам некои розови ама од тоа на нет што барав, нема нигде понуди.. Дали некоја знае кај може да се најде вакво чудо?
Јас видов во Анхоч во Бисер, а и мене ми требаат, ама пошто на брзање бев не успеав да разгледам што има. Појди и види си, дали има нешто и по твој вкус.
Има во Џамбо, и тоа многу јаки. Бев пред една недела така нешто, и болка ми што не си купив. И не се скапи плус.
Мислам дека се движи околу 300 денари од страна,но не сум сигурна зошто станува збор за стручен текст.Провери кај повеќе преведувачи зошто секој си има различна цена
екранот на апаратот ми се наби.. незнам дури како да го објаснам. сега ми е темен пола дел од екранот. фактични ми е напукнат одвнатре ама не е ни чепнат ни изгребан екранот. каде да го носам да ми го поправат и колку ќе ме чини тоа?
Во PixPlus, во трговски, на први спрат, скроз на крај, гледа накај плоштад, таа страна. Они го носат на сервис и ти се јавуваат дали може воопшто да се поправи
И мене ми треба .. Ама немора да е судски преведувач , туку обично .. имам некои 30тина странички а немам време да ги преведам
Освен ако немаш некоја другарка или некој близок да ти помогне,мислам дека единствено преведувачот ти е решение.Со оглед на тоа дека не станува за некој специфичен текст,цената можеби и пониска ќе биде
Мислам дека на фемина читав околу отстранување на флеки од лице ... А неможам никаде да најдам кај читав, мислам дека не е низ темиве, туку на глвната страна на сајтов ??? ЗнајТ некој ?
Како да се уклучам на интернет од мобилен, ама не wireless, туку тој што се плаќа. На Т-мобиле сум и Самсунг имам