Jас го бришам со оние марамчињата од кам што се за наочари. Мислам дека не е препорачливо да го бришеш со некое средство...
Јас го бришам со средствата за стакло што се. Имав и такво специјално за монитори, ама некој посебен ефект немаше.
^ зависи за каков екран правиме муабет. Наводно лап-топите биле почуствителни. Не се разбирам како се вика, ама мојов кога ќе го допреш така како да се познава на екранот како да прави влабнување во боите не знам како да го објаснам, ама ме сфаќате ваљда на што мислам. Е таквите требало да не се прскаат со средства, а овие ПЦ мислам дека екранот стаклен им беше и можеше со средство за стакло.
Епа мене не ми се прави такво вдлабнување на боите, ваљда не е толку чувствителен. До сега со влажни марамици го бришам, ама не е тоа тоа...
^ И јас го чистам мониторот со средство за чистење на стакло, и тоа веќе долго време, па нема некои последици.
Пријавата за упис од каде да ја земам? Од училиштето каде што сум завршила осмо, или таму каде што ќе се запишувам?
^од училиштето каде што си завршила основно. Инаку имам Alcatel One Touch, и сакам да направам screenshot, барав на нет ама пишува дека треба да се ротира , има некој да ми разјасни овие работи.
Јас од Џамбо купив пред месец дена едни марамчиња за екран на телефони, таблети и монитори на компјутер/лаптоп. Во жолти пакувања беа, 29 денари мислам околу 20 марамчиња, беа таму карши полицата со слушалките кај шо им се закачени, и прилично добро си ја вршат работата.. Во една корпичка се истурени, мислам дека сеуште ги има, можеш да си провериш.