Дали некој што во скоро вадел извод од матична книга може да ми каже за колку време од поднесувањето на барање му бил готов и си го подигнал?
Во форумските игри, во темата искомбинирај има линк на страната каде треба да се состави комбинацијата, ама не ми е јасно како се зачувува ..
Ако ти треба книга од која вистински можеш да научиш нешто за пчеларењето, ти ја препорачувам оваа . Ја има во сите продавници за пчеларска опрема, чини околу 20-тина евра. А ако ти треба учебник само за да поминеш некој испит има неколку учебници на македонски. Многу се поевтини, ама и со скромна содржина.
^Ти благодарам на одговорот, токму таква книга ми треба затоа што почнувам таков бизнис. Ако можеш да ми кажеш каде има по опремени продавници за прчеларска опрема, јас купив некоја основна опрема од кај таа во билизина на Железничка ама таму немаат никакви книги. Ми спомнаа и кај Грчка Амбасада специјализирана продавница и некаде во Маџари ќе проверам и таму, ако знаеш уште некоја продавница би те замолила да споделиш.
Во Скопје има 3 продавници за пчеларска опрема. Едната е "Напредок", во Маџари на кривината кога се врти кон Ченто, втората е "Саќе" на Партизанска, спроти Соборна црква, во преминот кон Грчка амбасада и МиВа Мед близу Централен регистар по коцката. Првиве две се снабдени и би требало да имаат и литература (јас книгата ја купив на саем во Србија). Најдобро е ако имаш можност, опрема па и литература да набавуваш од Србија. Поквалитетна е, не е скапа како кај нас и има голем избор. Нашиве увезуваат од Кина, Турција, Србија,... и цените се повисоки. За почеток и овие продавници ти се доволни. Со среќа!
Да. Тогаш во Саботата откако излегов од дома ми снема мрежа,побудалев...неможев да исконтактриам со никого се до Неделата навечер. Не знам што е работава.
Колку дена се чека за пасошот додека ти го издадат? (не по брза постапка туку вообичаената процедура) Не се секавам дали 10 работни дена беа?
Поради тоа што не има од цела Македонија,ме интересира дали и кога има панаѓур во вашиот град?Обично знам дека пред Нова година или Велигден има панаѓури,ама во некои градови постојат и традиционални панаѓури.Ако сакате,споделете инфо
Мене за 5 дена ми го дадоа, во Понеделник се сликав, во Петок ми се јавија да одам да го земам, во Ѓорче има многу помалце гужва и затоа така изгледа.
Гледам,сте заправиле муабет за пасош и јас имам едно прашање...дали за продолжување на пасош ќе ме сликаат повторно и за колку дена би бил готов? Позз