Сакам да ги поздравам сите членови на форумот со стаж поголем од една година. Гледам јас сум направила веќе стаж од 3 год. на форумот. Па прашањето ми е К-15 ке имаме ли оваа година ? Спојлер Мислам дека по една години активно дружење заслужуваме барем едно кафе гратис.
Си ја згрешила темата срценце,си требала во Специјален поздрав да го постираш поздравот!Сепак,фала ти многу бидејќи и јас имам стаж од три години на форумот!
Пак јас со теговите Ми пиша една членка дека од 5 кила се 599, сакам да знам некоја ако знае колку се оние од 8 или 10, како одеа потешките?
Имам еден безбоен сјај и четчето ми се направи црвено кога со него премачкав врз кармин.Не сакам така да ми стои ,има некој начин да го исчистам ?
Купив овакви вит ленти за надусници и внатре има 10 + 4 марамчиња толку ли треба да се? пошо нешо пишуе оваму 20..
На којз страна да ги видам добитниците на награди од Наградната игра фискална во рака, награда без мака???
Девојки денес земав маичка од Њу јоркер, ама кога дојдов дома приметив дека е оштетена. Има мало дупче ама е на видливо место и не постои шанса да се санира Да одам утре ке ми ја заменат ли? Имам фискалана, ама никогаш не ми се случило ова, секогаш прво проверувам па потоа купувам, ама денес така излезе на брзина да ја земам
Леле и мене ми се случи истото пред некое време од истата продавница, баш прашав и на темава јас ја пратив по другарка пошто не сум од Скопје и таа продавачката првен се мрштела ама после и рекла дај ајде ќе ти ја заменам и кога другата кошула уште повеќе искината од мојава шо ја враќам и другарка ми и рекла абе види ја кошулава повеќе искината е и ваа го викнала менаџерот и вој кога видел и рекол на продавачката да ги врати парите за кошулата. Тебе како ќе ти се погоди не знам ама сигурно ќе ти ја заменат чим ја имаш фискалната.
Барам едно видео, кое го имаше тука на Фемина, не на форумот. Видеото беше свадбено видео, се работеше за двајца од Македонија кои правеле свадба во Виена. Кара продакшн ли се викаше продукцијата или нешто слично, незнам. Ако му текне на некој, ќе го замолам да ми даде линк. Фала унапред.
Барав тука на Фемина и го најдов само ова свадбено видео. Се надевам дека на ова мислеше Ти пратив и ЛП доколку не го видиш ова http://www.femina.mk/%D0%BD%D0%BE%D0%B2 ... 0%BA%D0%BE