Здраво девојки сакав да прашам дали некој може да ми помогнете за смештај во Охрид, во близина на градска плажа ?
Девојки ,да не знаете бе утре во Трговски дали работат тие златарите кај што бушат уши? Да не одам за ништо
Женски дали некоја од вас при растење на умник искусила главоболка баш на страната на која што расте умникот? Веќе 2-3 дена ме боли цела вилица од умников, можно ли е и главата од тоа да ми врие?
Мене кога ми излегуваше умник ме болеше цела десна страна од главата. Цела вилица, крајници, увото, главата, јазикот, синуси... Цела страна мислам ми отече од болка. Тогаш бев помала, не знаев што е работата, па и на лекар ме однесоа, и таму ми кажаа дека било од умникот. И навистина после една недела почна да се гледа како излегува. Умниците се страшна работа. Подобро е и да ги немаш. Како и да е, напиј се аналгин. Мене ми потпомагаше. Би требало да те попушти малку.
Имам едно прашање за феминките од Битола. Каде во Битола можам да купам сребрено ланче или нараквица (за машко) и од прилика колку се движат цените? Однапред благодарам.
Како се вика онаа работа, кршење на непотребноте гранчиња на патлиџан како растение? Ќе пукнам, не ми текнува
Стоев подолго време на штикли едно 2-3 сата и одеднаш ми се слоша ми се стемни се пред очи и другарка ми ми кажа дека ми е поради штиклите и јас ги собув и ми беше подобро. Цела вечер боса си бев . Дали е можно навистина од штикли да ми се слоша дали на некој му се случило вакво нешто?
Па ако ти биле високи штиклите па вртоглавица да си добила. Не, шала на страна, мислам дека не би требало толку од штиклите да ти се врти. Може само мачно ти дошло што долго на штикли си стоела.
Мислам дека го викаат кршење мишки како што имам зачуено негде ,ама не сум сигурна(можеби сум разбрала нешто ама не сум доразбрала,не ми се смејте ако не е точно).
баш тоа, кршење мишки , оние израстоци што не требаат се кинат за другите заврзци да узреат, ама има и друг збор, источно македонско наречје, ако има некој да го најде како се вика, фала.
Јас колку што знам кај нас тоа се вика филизење, е сега дали на тоа мислиш не знам. Инаку јас сум од источна Македонија.
Провери во силвер мун и во 925, ма да повеќе избор за машки имаш во силвер мун. Јас пред некој месец му земав од таму на брат ми за роденден кожна белегзија со сребрени детали, околу 1300 беше.