Абе дечки на претплата од вип сум, се обидувам да се јавам некаде не можам... Ми звони другарка и вика дека повикот не може да се воспостави... А сметката треба до 21 да ја платам, што не е во ред
Да, ама ти си била со детето, сега велиш дека ќе лета само, за што е потребна согласност. И кај мене не сака, и кај дечко ми, и кај другар му...
Дали во Џамбо ќе можам да најдам некои украси за колачи и торти и разни големини на хартиени корпички ?
И кај мене и кај татко ми е така. Човекот сакал да ми се јави и таа вип секретарката му кажувала нешто да се јави на контакт центарот.Пробај и ти.
Најверојатно за тука ми е прашањето,ако не е се извинувам.Ми треба помош од вас многу,ако некој знае како да вратам пораки стари,разговори од фб нека ми каже,ако воопшто може..ми треба да знам итно. Некој ..? Благодарам однапред
Кратко и јасно ќе го поставам прашањево. Пред малце додека го уклучував компјутеров го зедов тазе кафето и се згоди да ми се истури насекаде но се обидов *и покрај тоа што се горев во тој момент* да го повлекувам накај себе и внимателно погледнав немаше ништо на компјутерот а нов ми е и страв ми е да не капнало негде што мислите??
Провери уште еднаш за секој случај,ама јас мислам дека штом немало ништо дека нема ништо.Со среќа и не се грижи толку!
Ме интересира дали во случај да менувам адреса на живеење во лична карта треба да ја менувам и во сите други лични документи:извод од матичната книга на родените,државјанство,здравствена легитимација и работна книшка од бирото за вработување?Фала ви однапред на помошта!
Немам познавања од компјутери ама за ова сум сигурна дека секоја нотификација, порака, разговор од фб го имаш и на mail. Оној mail преку кој се логираш на фб. Како ти стига на фб, така секогаш ти стига известување и на mail. Освен ако ти и од таму не си ги бришела. Пробај, може ќе успееш нешто да најдеш, да вратиш.
Пред некое време слушнав дека автобуските карти (за меѓуградски превоз) се со попуст за студенти. Вистина е ова или си нема врска? Мене не ми е за верување. Барав некоја информација на интернет ама не можам да најдам ништо.
Девојки за работа ми побараа лекарско уверение, може да се земе од матичната бесплатно или како иде тоа?
Јас лекарско уверение вадев во средно за смештај, и го вадев од кај матичната, си одев со книшка. 4 години по ред земав и не ми наплаќаа. Мислам дека нема да ти наплатат ништо, само книшка носи си.