Девојки, на Оне како на кој број требаше да се јавиш или да пратиш порака за да ти стават 30 денари кретит, и потоа кога ќе си купиш картичка да ти ги земат? Ве молам побрзо да ми одговорите, итно е.
Мислам дека темата е ок за моето прашање. Облеката ми стои во регал и блузите секогаш се здиплени и средени ама ова утро барав нешто и приметив дека една маичка околу јаката пожолтела од нешто од што така незнам. А нема шанси тоа да било од порано оти не се сеќавам дека сум ја носела скоро а сега летото една маичка еднаш ќе ја облечам и оти се потам веднаш ја перам се суши и ја ставам таму. Од што би можело тоа да е така и како да го извадам?
Веројатно таа жолтата флека ти е од тоа шо се потиш како шо кажа, а за да ја извадиш флеката убаво испери ја со Вениш и ќе биде како нова!
Феминки значи очајна сум за помош случајно малку го накашкав мојот фустан за на свадба шо ќе го носам со лак за нокти, малку е со остранувач за лак пробав ама некако не ми се вади дамката ај ве молам за совет како да го извадам плиссс
Барв низ форумов и не забележав на др место тема, ако има се извинувам но не ја најдов, имам дома извод ба родени и државјанство од 2007 год, а ми се потребни за запишување на фкултет ме интересира дали важат сеуште или треба да извадам нови????? Ве молам ако има некој кој може да ми помогне нека оговори
Од 2007 се стари. Не знам од кога ама од отприлика од 2010 ставаат печат дека е трајна исправа- или така нешто па значи после тоа не би се сметале за застарени.
Сакав да споделам нешто со вас и да ми дадете мислење како да делувам. Инаку сабајлево накај 10 и пол си доаѓав накај Скопје и полиција ме запре кај Автокоманда. Возев 70,а по правило треба 60, што по правилата за на пат кога те запира полиција ти следува опомена. Пред мене возеа 2 коли кои возеа побрзо од мене а полицаецот беше со радар. Само мене ме запре и ми покажа дека возам 93 што нема две чисти. Значи тој го измери возачот пред мене, а со мене почна да се кара дали сум имала свест. И по моето ,, Ве молам докажете ми дека сум возела јас,немате радар со слика,застарена верзија и плус не сум ментално заостаната имам и другарки до мене кои знаеја колку возам'' Добив одговор - 300 евра казна и 3 месеци забрана за возење. После мене запре BMW(110км/ч) и типот си излезе додека тој се караше со мене му го даде мобилниот на полицаецот да се слушне со некој и тој си замина. И сега? Му реков дека ќе го тужам ама со него имаше уште еден кој ми ја напиша казната ме погледна и се изнасмеа.. И? Сега што да направам? Знам дека се функционира со врски,а јас врски во полиција немам.
и јас имам прашање, и да не ми се смеете, не сум уходана со фб ... ме инересира, дали ако избришеш пораки од инбокс ти стојат во месинџер апликацијата уште? Прашањето ми е: Дали бришењата одат паралелно ако избришеш од страна на пример или треба од двете места да бришеш муабети за да ги нема? Данкешен.
Нема да ти смееме, шо има врска ако не си уходана со фб, фб демек мн битната работа, ха! btw ќе ти се избришат и од двете места!
Фала на разбирање (и на одговор) И јас така викам, ама луѓево ми се чудат... патем, имам ново прашање онда: зашто не се бришат и на месинџерот после бришење од страна, треба нешто рефреш да се направи или... И дали ако го деинсталирам месинџерот, по повторно инсталирање ќе седат првичните разговори?
Ако направиш delete conversation се брише разговорот и од месинџерот. Да не кликаш само на иксот кај пораките? Тогаш ти се зачувуваат во Archive и разговорите си стојат.
Само иксови кликам (не на неотворен разговор каде што вика дека ќе се архивира, туку на тоа избриши пораки-опцијата што е во инбоксот) зашто не сакам цела конверзација да се избрише туку само сегменти од разговорот. И тоа го направив преку страна отворена од компјутер и еве ги сега стојат на месинџер и кога сакам да ги бришам и од таму ми вика дека има error во командата Има лек или? Има роба во тоа новоотвореното (слаба сум со имиња) спроти рамстор што е. Т.е. на спротивната страна на средината од рамстор и нлб големата зграда, на времето имаше мебел тука... Ама не сум сигурна дека се нови колекции.. Се надевам помогнав до некаде со „јако дефинираниов“ одговор